Вид Белец (роден во Марибор на ) — словенечки фудбалер, голман на АПОЕЛ и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера Интер Белец ја започнал својата фудбалска кариера во 2002 година, кога како дванаесеттгодишно момче се приклучил во академијата на фудбалскиот клуб Марибор. На возраст од 16 години, Белец заедно со својот соиграч од младинскиот сектор на Марибор Рене Крхин се преселил во Италија каде му се приклучил на Интер. Тој поминал 3 и пол сезони во Примавера тимот. Во првата сезона тој бил резерва на Паоло Торнаги и го освоил Скудетото во примавера првенството за таа сезона. Исто така, тој играл и за Алиеви национали тимот под 17 години во сезоната 2006-2007. Во сезоната 2007-2008, тој најпрво се натпреварувал за место во почетниот тим на Примавера со Енрико Алфонсо сè додека Алфонсо не го напуштил клубот во јануари 2008. Тој потоа станал четврти голман на првиот тим на Интер, и прв избор во Примавера тимот, со кој го освоил Турнирот Вијареџо во 2008 и завршил како финалист во првенството. Под водство на Жозе Мурињо, Белец добил неколку повици во првиот тим уште во сезоната 2008-2009 и го направи своето деби за првиот тим на 17 јули 2009 година, во пред-сезонски пријателски натпревар.
Во ноември 2009 година, тој потпишал 5 годишен договор со клубот.
Кротоне На 6 јули 2010, заминал на позајмица во екипата на Кротоне во Серија Б, за да се здобие со повеќе искуство во италијанскиот фудбал. Одиграл 29 натпревари во Серија Б. На почетокот на сезоната не бил стартер, но по неколку кола од сезоната, по повредата на голманот Емануел Концети, дебитирал за новиот тим играјќи како стартер на домашен терен против Торино; натпреварот завршил со резултат 1-1. Под водство на Леонардо Меникини, тој започнал од првата минута, дури и во текот на следните шест натпревари. Меѓутоа, од 13 октомври веќе не бил стартер; се вратил на теренот на 4 декември за време на поразот со 3-0 од Новара на Стадионот Силвио Пиола. Од тогаш па сè до крајот на првенството, Белец останал прв голман на Кротоне.
На 8 јули 2011 ја обновил својата позајмица во Кротоне за уште една сезона, играјќи 21 настпревар во Серија Б.
Враќање во Интер По две-годишната позајмица во Кротоне, Белец се вратил назад во Интер за годишна плата од 180.000 евра. На 30 август 2012, тој конечно го направил своето деби за првиот тим на Интер во натпреварот од квалификациската плејоф рунда за Лигата на Европа против Васлуи, влегувајќи од клупата на местото на Антонио Касано за да го замени голманот Лука Кастелаци кој добил црвен картон; Белец примил два гола, а натпреварот завршил 2-2. На 22 ноември за првпат бил стартер на голот на Интер во поразот со 3-0 на гостувањето против Рубин Казањ, повторно во Лига Европа.
Следната сезона (2013-2014) со доаѓањето на Валтер Маѕари на клупата на Интер, тој повеќе не добил шанса да брани.
Ољаненсе и Конијаспор На 15 јули 2013 бил позајмен на португалскиот клуб Ољаненсе во Примеира лига. Собрал 16 натпревари, но на крајот на сезоната не успеал да се утврди во клубот и се вратил во Интер. Потоа бил позајмен на турскиот тим Конијсапор каде што тој одиграл 14 натпревари пред да се врати во Интер на 2 февруари 2015.
Карпи Бидејќи не добил ниту еден настап за Интер во остатокот од сезоната 2014-2015, Белец одлучил да го раскине договорот со клубот од Милано и на 31 август потпишал договор со екипата на Карпи, новиот член на Серија А. Белец го направил своето деби на 3 октомври 2015 во натпреварот на домашен терен против Торино, каде Емилијаните ја забележале првата победа во највисоката лига на Италија во историјата на клубот. Во почетокот неговите перформанси биле неубедливи, особено во натпреварот против Аталанта кога примил гол директно од корнер, меѓутоа неговите настапи подоцна биле се подобри. На 6 декември во натпреварот против Милан имал неколку одлични одбрани од кој најдобрата при ударот на Алекс со глава во 86-тата минута, соочувувајќи ја својата мрежа празна во ремито 0-0.Carpi – Milan 0-0: Belec e Donnarumma insuperabili, spettacolo a reti inviolate
Репрезентативна кариера Откако одиграл пет натпревари за репрезентацијата до 19 години, во 2011 година го добил првиот повик во сениорскиот тим; дебито го имал на 7 јуни 2014 во пријателскиот натпревар Аргентина-Словенија 2-0.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Интер Турнир Вијареџо (1) : 2008.
Наводи
Надворешни врски
Вид Белец на soccerway Вид Белец на transfermakt Вид Белец на whoscored Вид Белец на espn
Категорија:Словенечки фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Марибор Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на Конијаспор Категорија:Фудбалери на ФК Карпи Категорија:Фудбалери на ФК Беневенто Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК АПОЕЛ Категорија:Фудбалери на ФК Салернитана Категорија:Фудбалски голмани