Дилмен () — општина во округот Косфелд, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Географија Сместена е во јужниот дел на Минстерскиот крај, помеѓу реката Липе на југ, ридскиот венец Баумберге на север и реката Емс на исток. Јужно од Дилмен се наоѓа областа Рур.

Населени места Со реформите на месната управа во 1975 г. општината Дилмен опфаќа следниве 7 населени места, наведени со нивното население во јули 2012 г.Статистика за населението на општината Дилмен (PDF; 13 кб), јули 2012 г.

Нас. место Население Домаќинства Булдерн 5.867 2.497 Дилмен 27.588 11.740 Кирхшпил 4.678 1.991 Мерфелд 2.030 864 Роруп 2.285 972 Хаусдилмен 2.150 915 Хидингзел 1.699 723 Вкупно 46.297 19.701

Мерфелд првпат се споменува во 890 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г. Роруп првпат се споменува во 1050 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г.

Историја Местото првпат се споменува како Дулмени (Dulmenni) во 889 г. како метох на Верденската опатија. Стекнал градски права во 1311, а во 1470 г. се зачленил во Ханзата. Бил дел од Епископското Кнежевство Минстер сè до медијатизацијата во 1803 г. За кратко бил во рацете на династијата Круј, па во 1811 г е преземен од Французите. По поразот на Наполеон, Дилмен влегол во Прусија, во состав на покраината Вестфалија.

За време на Втората светска војна, рафинеријата во Дилмен станала мета на бомбардирање од сојузничките воздухопловни сили, во кое се иништени 90% од градот. Дилмен е обновен по по војната, а во 1973 г. населението достигнало 20.000 жители. Во 1975 г. станал општина, и кон него се припоени селата Роруп, Мерфелд, Хидингзел, Булдерн, Хаусдилмен и Кирхшпил.

мини|250п|Капелата „Св. Јован Непомучки“ во Хидингзел мини|исправено|Калуѓерската кула во Дилмен

Збратимени градови Дилмен е збратимен со следниве градови:

Фербелин, Германија Шарлевил-Мезјер, Франција

Сообраќај До Дилмен се стасува по автопатот A43 и железничката линија Есен-Ване-Ајкел-Минстер и железницата Дортмунд-Енсхеде. Најблизок аеродром е Минстер/Оснабрик во Гревен и Диселдорф.

Познати личности Родени во Дилмен Ана Катерина Емерих (1774-1824) — блажена калуѓера и мистик Франка Потенте (р. 1974) — глумица Јирген Дројс (р. 1945) — пејач и музичар Хартмут Сурман (р. 1963) — роботичар

Живееле во Дилмен Клеменс Брентано — писател, живеел тука од 1819 до 1824 г. Франц фон Папен — канцелар на Германија, живеел тука од 1918 до 1930 г.

Наводи

Надворешни врски

Општински портал на Дилмен Летен портал на Дилмен Зимски портал на Дилмен

Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Косфелд (округ) Категорија:Ханза Категорија:Вестфалија (покраина)