Григориј IV — Вселенски патријархво период од два месеци 1623 година.
Живот
Пред да биде избран за патријарх Григориј IV бил митрополит во Амасија. Во периодот на неговиот избор, тој бил стар и не гледал со едното око, па така го добил прекарот слепецот од Амасија.
Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.
По смената, Григориј IV бил протеран на островот Родос. Датумот на неговата смрт останува непознат.
Наводи
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Родени во 16 век Категорија:Починати во 17 век Категорија:Православни епископи од 17 век Категорија:Симонија