Дамат Ибрахим-паша (, ; 1517–1601) — отомански државник, кој во три наврати бил Голем везир (првиот пат од 4 април до 27 октомври 1596; вториот пат од 5 декември 1596 до 3 ноември 1597 и третиот и последен пат од 6 јануари 1599 до 10 јули 1601.İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971 (турски) Познат е како освојувачот на Каније.
Нарекуван е со титулата дамат („младоженец“), бидејќи бил младоженец на Отоманската династија со венчавање на Ајше, една од ќерките на султанот. Не треба да се помешува со Паргали Ибрахим-паша, славниот голем везир на Сулејман Величествениот, уште еден девширме и „дамат“ на отоманскиот двор или со Невшехирли Дамат Ибрахим-паша, кој владеел во почетокот на век во текот на Ерата на лалињата.
Животопис
Според турски извори бил со босанско или хрватско потекло и бил земен преку системот на данок во крв.
Се издигнал во ранговите во текот на периодот кога суштинската власт и влијание била држена од Мехмед-паша Соколовиќ. Во 1581 година, кратко по смртта на Мехмед-паша, Ибрахим-паша се оженил со Ајше, ќерка на султанот Мурад III и станал управител на Египет. Но, поради неговото отсуство од престолнината и умирањето на Мехмед-паша Соколовиќ, неговото влијание опаднало во текот на остатокот од владеењето на Мурад III.
мини|200п|лево|Џамија Дамат Ибрахим-паша во округот Фатих во Истанбул.
Се вратил под водство на Мехмед III, станувајќи голем везир во 1596 година по првпат. Неговото повлекување било особено поради губењето на територии во пограничните областа помеѓу Отоманското Царство и Хабсбурзите во Унгарија. Не бил склон кон енергични дејствија, туку уреден, методичен и внимателен државник, кој претпочитал да започне целосен преглед на османлискиот административен систем заснован на напад на Австрија. Борбата како таква докажала успех и Ибрахим-паша ја добил титулата „освојувач на Егер“ (североисточно од Будимпешта) од неговиот султан, иако тој бил еден од оние кои ја вршеле командата. Бидејќи бил насочен на стабилизирање на државната структура и добиените добивки отколку бркањето на Австријците бил распуштен од местото голем везир, најпрвин на краток период од четириесет и пет дена до крајот на 1596 година и потоа по вторпат на крајот на следната година.
Се вратил како голем везир во 1599 година под услов да започне борба против Австрија. Ја започнал борбата со закана да ја освои Виена директно упатувајќи се кон Ештергом (освоен од Сулејман Величествениот во 1543 година и изгубен во 1595 г.), но на крајот ја поминал зимата во Белград. Потоа започнал со притисок на Австрија преку појужна рута со освојување на замокот на Каније. Турските робови во замокот го запалиле барутот и тешко ги оштетиле ѕидовите. Но, замокот сè уште не паднал и војска од 20.000 војници командувани од Филип Емануел пристигнала на помош на опколените. Но, османлиската војска на крајот ги поразила двете армии и замокот се предал. Тирјаки Хасан-паша бил назначен за управител на новоосвоениот град.
Каније станал средиште на новите османлиски напади на Средна Европа. Во септември 1601 година, обид на огромната австриска војска да го заземе замокот биле одбиени од управителот Тирјаки Хасан-паша. Дамат Ибрахим-паша умрел истата година. Ештергом бил изгубен од Отоманското Царство во 1605 година.
Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство
Наводи
Категорија:Родени во 1517 година Категорија:Починати во 1601 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 16 век Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Отомански Бошњаци Категорија:Данок во крв Категорија:Паши Категорија:Дамат Категорија:Починати во Белград