Мрвачки или марвачки — говор на македонскиот јазик кој припаѓа на драмскиот дијалект. Го говори македонската етнографска група Мрваци во крајот Мрвачко кој денес се протега во делови од Пиринска и Егејска Македонија во Бугарија и Грција.
Фонетика Најважни диференцијални црти на мрвачкиот гоор од областа на фонетиката се: преодот на носовката ѫ во а во акцентирана положба (г'аба, дап, зап, бер'ат, плет'ат итн.), а во неакцентирана положба во а (кап'ина, пад'ар, маж'ето итн.) замената на јус ѧ со е, кое што преовладува и со ' а (з'ат, кл'атва и др.) мошне ретките и малубројни остатоци од назализмот (гл'амба, изм'ундри, т'енгал и др.) преодот на ъ во а во акцентирана положба (сан, в'ашка, так'аф) генералзирањето на мекоста кај сите согласки остуство на слеаните согласки џ и ѕ чувањето на х во сите положби
Морфологија Од областа на морфологијата и на синтакста поважни диференцијални црти на мрвачкиот говор се: множинската наставка -е кај именките од машки род (м'аже, риб'аре, коп'аче и др.) множинска наставка -ета кај именките од среден род (в'ажета, к'учета, м'улета и др.) членот -а во акцентирана положба (град'а, син'а, нус'а''' и др.) заменските форми н'ехи ја, н'ехи' хи во акузатив и дативеднина за женски род и хми односно хим // хни'' за сите три рода во множина
Наводи
Категорија:Македонски дијалекти