Вида () — село и поранешна општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Валкенрид.

Вида се наоѓа на истоимената река, притока на реката Цорге во јужниот дел на планинскиот масив Харц.

Знаменитости

Постојат бројни добро зачувани куќи изградени во фахверк во центарот на Вида. Старата саат-кула на врвот на ридот нуди живописен поглед на селото и неговата околина. Црквата „Лутер“ е протестантска црква, изградена во 1770 година.Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 192. Köln 1999

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Хроника на Вида

Категорија:Поранешни општини во Долна Саксонија Категорија:Гетинген (округ)