Свети Богородица — македонска православна црква во селото Журче. Црквата се наоѓа во источниот дел од селото.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна со полукружен свод и петострана апсида. Подоцна, западниот ѕид на црквата бил срушен и нејзиниот наос бил продолжен. Новиот дел има плиток свод, а кон југ има трем, кој е покриен архитрално. Црквата е покриена со ќерамиди и камени плочки на апсидата. Северниот и јужниот ѕид на постариот дел од внатрешната страна се зајакнати со столбови кои завршуваат со лакови и образуваат по три слепи ниши. Фасадата на црквата се фугирани и варосани.

Фрескоживопис

Црквата била живописана во 1885 година од зографот Никола Анастасов од Крушево.

Галерија

Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Слепчанска парохија Журче

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Журче Журче Категорија:Дела на Линотопската школа