Опсадата на Одавара се случила во 1561 година, и е една од битките во јапонскиот период Сенгоку. Ова била прва од трите опсади што се случиле на замокот кој бил дом на кланот Хоџо.

Уесуги Кеншин заробил неколку од замоците што припаѓале на кланот Хоџо, и во 1561 година направил опсада на замокот Одавара, кој исто така бил сопственост на кланот Хоџо. Уесигу ја пробил одбраната, и го запалил замокот. Сепак, самиот замок останал неосвоен, бидејќи Кеншин по два месеца се откажал. Ова се случило поради недостаток на залихи, како и на појавувањето на Такеда Шинген, поранешен противник на Кеншин, кој се заканувал дека ќе ги преземе неговите територии.

Така завршила првата од трите опсади на замокот Одавара.

Литература Turnbull, Stephen (1998). 'The Samurai Sourcebook'. London: Cassell & Co.

Категорија:1561 во Јапонија Одавара 1561 Одавара 1561 Категорија:Битки од 1561