Адвокатот со Линколн – американски филм, во режија на Бред Фурман. Главните улоги ги толкуваат: Метју Меконахи и Мариса Томеи.„Адвокатот со Линколн“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 15.

Содржина Мајкл Халер, со прекар „Мик“, е итар адвокат од Лос Ангелес, кој работи од задното седиште на својот автомобил од марката „Линколн континентал“. Иако поголемиот дел од кариерата го поминал застапувајќи ситни криминалци, неочекувано добива голем случај, бранејќи го богатиот плејбој од Беверли Хилс, кој е обвинет за убиство.

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Метју Меконахи Категорија:Филмови со Мариса Томеи Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2011 година