Трка Абу Даби — велосипедска трка во и околу Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, која се одржува секоја година од 2015.
Историја
Претходно била дел од Азиската турнеја на UCI. Трката се одржувала во октомври, како една од последните трки во сезоната. Трката е организирана од RCS Sport, организаторот на Џиро д’Италија и на соседната Трка Дубаи.
Во 2015 година, UCI ја организирала првата „Меѓународна велосипедска гала“ вечерта на затворањето на трката како прослава за крај на сезоната. Организаторите ја изразиле желбата да се приклучат на Светската турнеја. Во 2016 година започнала два дена по велосипедската гала, една недела по Светското друмско првенство во Катар.
Третото издание на трката била додадено на Светската турнеја 2017 и требало да се одржи на почетокот на сезоната, во февруари 2017.
Во 2019 година, Трката Абу Даби била споена со Трката Дубаи, станувајќи Трка ОАЕ.https://www.cyclingweekly.com/tag/uae-tour
Тек
Првите две изданија на трката биле составени од четири етапи; три од нив биле рамни и подобни за спринтерите и една со планинска завршница на Џабал Хафит. Завршната етапа е на тркалиштето околу Јас Марина, која се одржува на самрак.
Победници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велосипедски трки во Обединетите Арапски Емирати Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Трки од Азиската турнеја на UCI