Клио (Клија) Николова Самарџиева, мажена Бобева, - македонска учителка и револуционерка, деец на ВМОРО.

Животопис мини|Знамето што го везеле учителките Клио Самарџиева е родена во 1880 година во Охрид. Во 1897 година завршила трет клас во Битолското женско училиште, и станала учителка во родниот град, каде работела до 1898 година. Во периодот 1899 - 1900 година, работела како учителка во Баница, Леринско. Се приклучила во женската организација на ВМОРО во Охрид, Успение Богородично. Откако Славка Пушкарова заминала за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата се поставени Василка Размова и Поликсена Мосинова, а Самарџиева станувала нивна прва помошничка. Учителките учествувале во организирањето на болница за ранети и болни четници во куќата на семејството на Андроник Скопакови.Илинденски сведоштва, том II, дел 2, ДАРМ, Скопје 2016, стр.1498-1499 Мосинова, Размова, Самарџиева и Константина Русинска го изработиле охридското револуционерно знаме на ВМОРО, на кое се гледа млада жена и лав кои стојат врз османлиското знаме, а во рака држат знаме на кое пишува „Слобода или смрт“.

Владиката Методиј Охридски кога дознал за постоењето и активноста на револуционерната женска организација, во 1900 година ја испратил Мосинова како учителка во Пехчево, а Самарџиева во Вевчани, каде таа останала до 1902 година.

Поради својата револуционерна дејност, Самарџиева е затворена во 1906 година во Битолскиот затвор. Во 1907 година успеала да избега од затворот, и со помош на револуционерната организација избегала во Бугарија. Тука, Клио Самарџиева активно се вклучува во општествените текови, станала член на Комитетот за поставување споменик на Климент Охридски во Софија (1935), потоа, член на Охридското женско друштво „Св. Климент“, како и член на Сојузот на Македонските културно-просветни друштва. Во 1943 година ја добила наградата Дамски крст, трет степен со круна.

Умрела во Софија во 1957 година.

Наводи

Категорија:Македонски преселници во Софија