Ангел Андреев (23 април 1867 - ?) — македонски револуционер, преспански војвода и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10
Животопис Роден е во 1867 година, во селото Рудари, Преспанско. Во 1902 година влегол во ревизионата чета на Тома Давидов, и со него заминал во внатрешноста на Македонија. На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО, бил назначен за војвода во Долна Преспа. Учествувал во Илинденското востание, и со четата имал повеќе судири со османлиската војска кај селото П’пли, Леринско, и кај планината Герман.
По завршувањето на востанието заминал за Бугарија и починал во Варна.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Рудари Категорија:Македонски преселници во Варна Категорија:Починати во Варна Категорија:Учесници во Илинденското востание