Могила — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 2 км од селото, покрај патот Прилеп-Кичево, во непосредната близина на живинарската фарма, каде по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, претежно со сива боја. Исто така, има орудија од камен и кремен и голем број животински коски.

Поврзано Ашкулица — населба од доцноантичко време; Бела Чешма — населба од доцноантичко време; Пуста Црква — населба од римско време; Црква Св. Атанас — осамени наоди од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Сенокос (Прилепско)