Попара — здробен сув леб попарен со врела вода, масло, млеко, чај и др.

Покрај во Македонија, попарата се среќава и во Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Турција. Ретко се става на куќната трпеза – кога ќе остане доста сув леб и истата се смета за сиромашно јадење.

Традиционално се подготвува од сув леб (од неколку дена) кој се потопува со некоја течност, најчесто топла, но може и ладна, на пример јогурт. Во зависност од вкусот попарата може да биде слатка или солена, па соодветно се додава џем, мед, шеќер или сирење, маст. Подготовката на ова јадење е многу брза и едноставна.

Сè повеќе се појавуваат рецепти кои ја видоизменуваат попарата вклучувајќи дополнителни состојки за истата да биде попривлечнаПита-попара на семрежното место на Моирецепти. мини|лево|Попара со сирење

Наводи

Категорија:Храна Категорија:Јадења Категорија:Македонска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Босанска кујна Категорија:Грчка кујна Категорија:Турска кујна