мини|десно|300x300px|Дунавски вилает Дунавски Вилает (турски: Tuna Vilayeti) ― вилает на Отоманското Царство, кој постоел од 1864 до 1878 година. Кон крајот на 19 век опфаќал територија од 88.400 km2.Europe by Éliseé_Reclus, page 152
Вилаетот бил создаден како последица на административните реформи на Отоманското Царство од 1864 година, од северните делови на Силистра, по должината на реката Дунав. Опфаќал голем дел од територијата која денес влегува во Бугарија (вклучувајќи ја и Јужна Добруџа), како и делот од Романија познат како Северна Добруџа.
Вилаетот престанал да постои по Руско-турската војна (1877-1878),кога нејзиниот североисточен дел (Северна Добруџа) бил припоен кон Романија, некои западни делови кон Србија, додека централниот и јужниот дел кон Кнежевство Бугарија.
Уредување Мидхат-паша бил првиот управник на вилаетот, од 1864 до 1868 година. By Gábor Ágoston, Bruce Alan Masters За време на неговото управување со вилаетот била поставена линија за парни бродови на реката Дунав; била завршена железничката пруга Русе - Варна; се доделувал кредит за земјоделците со ниски камати; се нуделе поволни даноци за започнување на нови индустриски претпријатија.
Првиот официјален весник на еден вилает во Отоманското Царство се печател двојазично: на бугарски и тусрки јазик, а го работеле отомански и бугарски уредници. мини|Русчук, седиште на Дунавскиот Вилает Вилаетот имал собрание во кој членувале официјални лица назначени од Истанбул, како и шест претставници на народот во вилаетот, од кои тројца муслимани и тројца немуслимани. Немуслиманите исто така учествувале во криминалните и трговските судови. Биле дозволени мешани муслиманско-христијански училишта, но оваа реформа била укината поради негодување кај народот.
Вилаетот бил поделен на санџаци: Русчук Софија Трново Ниш Тулча Варна Видински санџак
Наводи
Категорија:Вилаети во Отоманското Царство Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Отоманска Романија Категорија:Отоманска Србија Категорија:Држави и територии распаднати во 1878 година