мини|Настап на хорот, 13 октомври 2017 година Џез хор „Артизан“ е мешан хор создаден во април 2017 година во Скопје, под диригентската палка на Сања Пановска Миланова. Репертоарот на хорот го сочинуваат класични и џез композиции.

Првиот јавен настап на хорот бил на 13 октомври 2017 година, со премиерна изведба на „Миса на изгрејсонцето“ од Ола Јеило,Објава за концертот на Нова Македонија во Музеј на Град Скопје. Веќе следната година 2018, на 30 април во Македонската филхармонија како дел од меѓународен ден на џезот имале самостоен концерт на којшто за првпат се изведени композиции од Битлси со хорски аранжмани.

Досега хорот настапил на неколку манифестации, меѓу кои „Недела на археологијата“,Програма на „Недела на археологијата“ „Светскиот ден на бегалците“ и други.

Надворешни врски Официјална страница на Youtube

Наводи

Категорија:Македонски хорови