Чанакја (IAST: Cāṇakya; околу IV век п.н.е) - индиски државник и филозоф, главен советник и прв министер на индискиот цар Чандрагупта, прв владетел на царството Маурја. Тој традиционално се идентификува како Каутилија или Вишнугупта, авторот на староиндиската политичка расправа, Артхашастра. Како таков, тој се смета за пионер на полето на политичките науки и економијата во Индија, и неговото дело се смета за значаен предвесник на класичната економија.L. K. Jha, K. N. Jha (1998). "Chanakya: the pioneer economist of the world", International Journal of Social Economics 25 (2–4), p. 267–282.Waldauer, C., Zahka, W.J. and Pal, S. 1996. Kauṭilya's Arthashastra: A neglected precursor to classical economics. Indian Economic Review, Vol. XXXI, No. 1, pp. 101–108.Tisdell, C. 2003. A Western perspective of Kauṭilya's Arthashastra: does it provide a basis for economic science? Economic Theory, Applications and Issues Working Paper No. 18. Brisbane: School of Economics, The University of Queensland.Sihag, B.S. 2007. Kauṭilya on institutions, governance, knowledge, ethics and prosperity. Humanomics 23 (1): 5–28. Каутилија припаѓал на браманската каста (свештеничка класа), со потекло од Северна Индија и професор по политички науки и економија на Универзитетот Таксила. Тој ги познавал Ведите и се верува дека имал познавања од зороастризмот.

Неговите трудови биле изгубени кон крајот на царството Гупта и откриени дури на почетокот на XX век.

Чанакја му помогнал на првиот маурјански цар Чандрагупта при неговиот подем на власт. Тој изиграл важна улога во основањето на царството Маурја. Чанакја бил главен советник и гуру на царот, но и на син му Биндусара.

Историски контекст

Падот на Магада и подемот на Маурјанската династијата мини|Маурјански камен прстен, со божица што стои. Северозападен Пакистан. III век п.н.е. Британски музеј.Во времето на Чанакја, Индија во најголем дел била составена од неколку мали независни држави, со исклучок на кралството Магада, во кое доминирала династијата Нанда. Славата на Чанакја е во падот на царството Магада и подемот на Маурјанската династија. Бил сојузник и верен поданик на Чандрагупта, благородник од кастата кшатрија (каста на воинствени кнезови), која била поврзана со семејството Нанда. Пред да стане содружник на Чандрагупта, Чанакја се запознал со царот Нанда, кој го навредил. Каутилија ја одврзал својата сикха (врзување на косата кај машките Хиндуси) и се заколнал ќе ја врзе косата назад само кога династијата Нанда ќе биде уништена.

Чанакја и Чандрагупта имале мала војска која немала доволна воена сила за директно да ја преземе Магада. Затоа, лукавите стратегии на Чанакја биле од корист: Чандрагупта влегол во главниот град на кралството Магада, Паталипутра, каде што предизвикал граѓанска војна со разузнавачката мрежа на Чанакја. Во 322 г. п.н.е., Чандрагупта конечно го зазедол престолот, ставајќи крај на династијата Нанда и ја основајќи ја Маурјанската династија, која владеела со Индија до 185 година п.н.е. По оваа победа, Чандрагупта се борел и ги поразил војсководците на Александар Македонски кои се наоѓале во Гандара, денешен Авганистан. По овие успешни походи, Чандрагупта бил сметан за храбар водач кој ги победил дел од странските напаѓачи и го прекинал корумпираното владеење на Нанда и на тој начин добил широка јавна поддршка. лево|мини|Каутилија (Чанакја) на замислен портрет

Идентификација со Каутилија или Вишнугупта Голем број научници делото Артхашастра традиционално му го припишуваат на Чанакја. Артхашастра го идентификува авторот со името Каутилија, освен во еден стих кој го назначува со името Вишнугупта.Trautmann 1971:5 "the very last verse of the work ... is the unique instance of the personal name Vishnugupta rather than the gotra name Kautilya in the Arthashastra. Каутилија веројатно било името на кланот (готра) на авторот.Trautmann 1971:10 "while in his character as author of an Arthashastra he is generally referred to by his gotra name, Kautilya."

Едно од најстарите книжевни дела на санскрит кое го идентификува Чанакја со Вишнугупта било Панчататра во III век п.н.е. на Вишну ШармаMabbett 1964: "References to the work in other Sanskrit literature attribute it variously to Vishnugupta, Chanakya and Kautilya. The same individual is meant in each case. The Panchatantra explicitly identifies Chanakya with Vishnugupta." Живот и дело Чанакја му бил учител на царот Чандрагупта од Маурјанската династија. Тој бил во служба и на Чандрагупта и на син му Биндусара. Според Џорџ Моделски, Чанакја бил впрочем Каутилија, Браманот кој служел како Главен министер на Чандрагупта, основоположникот на Маурја.; Quote: "Kautilya is believed to have been Chanakya, a Brahmin who served as Chief Minister to Chandragupta (321–296 B.C.), the founder of the Mauryan Empire.", Quote: "We can confirm from other texts that Kautilya (or Kautalya - the name varies) is a Brahmin gotra name. (...) This Kautilya, author of Arthashastra, is identified with Chanakya, minister to the first Mauryan king, Chandragupta, and depicted in stories as the brains behind Chandragupta's takeover of the empire of the Nandas in about 321 BCE. The adventures of Chanakya and Chandragupta are told in a cycle of tales preserved in Hindu, Buddhist and Jain books." Тој му помогнал на Чандрагупта да ја претвори Маурја во една од најмоќните царства во тоа време. Паталипутра останал царски град, а почетната територија контролирана од Чандрагупта се проширила низ цела Северна Индија од реката Инд на запад до Бенгалскиот Залив на исток. Подоцна во 305 г. п.н.е., Маурја се стекнала со власт над Пенџаб, што денес е дел од северна Индија и источен Пакистан, област која била под контрола на Македонците.мини|АртхашастраПолитичките мисли на Чанакја (Каутилија) се сумирани во книгата што ја напишал, на санскрит позната како Артхашастра, која е преведена како "Наука за материјалната добивка". Книгата била изгубена со векови и копија од неа била повторно откриена во Индија во 1904 година. Артхашастра е прирачник за ефикасно водење на царството и содржи детални информации за специфични теми. Дипломатијата и војната се две теми што се третираат подетално од било кои други, а исто така вклучува и препораки за правото, затворите, оданочувањето, утврдувањата, монетите, производството, трговијата, администрациите и шпионите.

Идеите изразени во Артхашастра се прагматични и бесчувствителни. Каутлија отворено пишувал за контроверзни теми како што се атентати, кога да убијат членови на семејството, како да управуваат со тајните агенти, кога е корисно да се прекршат договорите и кога да се шпионираат министрите. Поради ова, тој често се споредува со Макијавели. Тој исто така пишувал и за моралната должност на кралот која ја резимирал со зборовите: "Радоста на поданиците е среќа за кралот; нивната благосостојба е негова. Неговото задоволство не е негово богатство, туку задоволството на неговите поданици е неговото богатство". Некои научници во идеите на Каутилија виделе комбинација на кинескиот конфуцијанство и легализам.

Смрт Не е сосема јасно како умрел Чанакја. Некои извештаи велат дека се изгладнувал себеси до смрт, вообичаена практика во џаинизмот. Други верзии велат дека тој починал како резултат на дворски заговор. Она што сигурно го знаеме е дека неговата смрт се случила кога Биндусара, вториот владетел на Маурја, бил на власт.

Чанакја (Каутилија) бил пионер во дипломатијата и владината администрација. Неговата заслуга не беше само да излезе со многу важни практични совети за владеењето, туку и да ги организира на систематски и логичен начин. Дури и денес, Артхашастра е класично дело број еден во дипломатијата на Индија. Неговата визија за обединета Индија ќе стане реалност за време на Ашока, третиот владетел на Маурјанската династија.

Извори на информации Постојат малку вистински историски информации за Чанакја. Повеќето од нив се легенди. Томас Траутман идентификувал четири различни легенди (катха) поврзани со Чанакја и Чандрагупта: Верзија на легендатаТекстови Будистичка верзија Махавамса и нејзиниот коментар (на пали јазик) Џаинска верзија Паришиштапарван од Хемашандра Кашмирска верзија Катхасаритсагара од Сомадева, Брихаткатхаманџари од КсемендраВерзија на Вишакхадата Мудраракшаса, пиеса на санскрит од Вишакхадата Во сите четири верзии, Чанакја се чувствува навреден од страна на царот Нанда и дава ветување дека ќе го уништи.

Легенди десно|мини|Нандското Царство, околу 323 п.н.е

Будистичка верзија мини|Царството на Чандрагупта (290 п.н.е) Легендата за Чанакја и Чандрагупта е детално објаснета на пали јазик во Будистичките хроники на Шри Ланка. Таа не се споменува во Дипавамса, најстарата од овие хроники.Thomas R. Trautmann (1971) Kauṭilya and the Arthaśāstra: a statistical investigation of the authorship and evolution of the text Најстар будистички извор каде се споменува легендата е Махавамса, која генерално е датирана помеѓу V и VI век. Вамсатхапакасини (познат и како Махвамса Тика), коментарот на Махавамса, дава повеќе детали за легендата. Авторот е непознат, и се датира различно од VI до XIII век. Некои други текстови обезбедуваат дополнителни детали за легендата. На пример, Махабодхивамса и Атаката даваат имиња на 9 нандански цареви, кои наводно му претходеле на Чандрагупта.

Според будистичката легенда, кралевите Нанда "кои му претходеле на Чандрагупта биле разбојници претворени во владетели. Чанакја бил браман од Такасила. Тој знаел три Веди и политика. Имал кучешки заби, за кои се верувало дека се знак на припадност на кралско семејство. Неговата мајка се плашела дека тој ќе ја заборави откако ќе стане крал. За да ја утеши, Чанакја си ги скршил заби. мини|Две златни монети од периодот на Чандрагупта Чанакја бил грд, имал скршени заби и искривени нозе. Еден ден, кралот Дана Нанда организирал церемонија за давање милостина на браманите. Чанакја отишол во Пупапура (Пушпапура) да присуствува на оваа церемонија. Згрозен од неговиот грд изглед, царот наредил да го исфрлат надвор. Чанакја тогаш фрлил проклетството на кралот кој наредил неговото апсење, но Чанакја побегнал. Се здружил со Пабата, синот на Дананада кого го поттикнал да го освои престолот. Со помош на еден прстен што му го дал принцот, Чанакја побегнал од палатата преку некаква тајна врата. Во шумата тој направил 800 милиони златници (кахапанас) користејќи тајна техника кој му овозможувала 1 монета да ја претвора во 8 монети. Откако ги сокрил парите, тој почнал да бара човек достоен да го замени Дана Нанда. Еден ден, видел група на деца како си играат: младиот Чандрагупта ја играл улогата на кралот, додека другите момчиња глумеле вазали, министри или разбојници. "Разбојниците" биле изведени пред Чандрагупта, кој наредил да им бидат отсечени екстремитетите, но потоа чудесно повторно им ги прикачил. Чандрагупта е роден во кралско семејство, но бил одгледан од некој ловец откако неговиот татко бил убиен од страна на узурпатор, а деватите ја натерале неговата мајка да се откаже од него. Зачуден од неговата чудотворна моќ, Чанакја му платил 1000 златници на неговиот старател и го зел момчето со себе ветувајќи му дека ќе го научи на трговија.

Чанакја сега имал два можни наследника на Дана Нанда: Пабата и Чандрагупта. Тој на секој од нив дал по една амајлија да ја носат околу вратот. Еден ден, одлучил да ги тестира. Додека Чандрагупта спиел, тој побарал од Пабата да ја отстрани амајлијата на Чандрагупта без да го разбуди. Пабата не успеал да ја изврши задачата. Некое време подоцна, кога Пабата спиел, Чанакја му рекол на Чандрагупта да ја заврши истата задача. Чандрагупта ја извршил задачата со отсекување на главата на Пабата. Следните 7 години, Чанакја го обучувал Чандрагупта за кралските обврски. Кога Чандрагупта станал полнолетен, Чанакја го откопал неговото скриено богатство на златни монети и собрал војска.