Галичички различник (науч. Centaurea galicicae) — местен ендемит во флората на Македонија, од семејството Asteraceae (Compositae),(сложеноцветни растенија). Се наоѓа само во околината на Преспанското Езеро, односно кај селото Стење. Се развива како хазмофит, во пукнатини на варовнички карпи. Centaurea galicicae Micevski на The Plant List

Опис Повеќегодишно тревесто растение со задрвенет ризом. Стебленцата му се исправени, метловидно разгранети, беловлакнести; гранчињата со една главичка.

Листови Листовите се бели или пепелесто-влакнести; базалните со дршки скоро еднакви на ламините, кои се заоблено издолжени, 6-9 * 2–3 cm , перести, страничните сегменти се линеарно- копјести, завртени кон назад, напилени или целокрајни, заострени или зашилени, терминалните во основата со заострени перести делови; стеблените приседнати, перести, со најчесто 3-6 сегменти, издолжени линејни, 0,5–1 mm широки, неподелени, ретко перести, со превиткани рабови, подолги и пошироки од терминалните сегменти; горните мали и со 1-2 сегменти. Соцветие Кошничката единечна, инволукрумот јајцевиден, 15–10 mm; инволукралните листови зелени, мазни; апендиксот со ромпска црна дамка и терминален трн долг 1,5-2,5 mm , чешловидно трепчест, обично со 5-6 црни трепки, од кои најдолните преминуваат во скариозни ушиња. Цветовите се розови.

Плод Едносемено влакнесто оревче, долго 2,5 mm; папусот двојно подолг од плодот.

Екологија Екологијата на варовнички карпи покрај езерото.Micevski, Acta Bot.Croat., 44:83-84 (1985)

Распространетост На планината Галичица, село Стење, на варовнички камењари и карпи покрај езерото. (leg.K.Micevski)(MKNH).

Помеѓу Стење и Коњско, по карпите покрај брегот на Преспанско Езеро.(leg.K.Micevski)(MKNH)

Наводи

Категорија:Различници Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица