Прва македонска коњичка бригада била формирана на 29 декември 1944 година во Скопје, од постоечките коњички единици во Македонија, со наредба на ГШ на НОВЈ за Македонија. Командант бил Владо Петковски, а од 26 јануари 1945 година, Димо Пецов - Ико. Политички комесар од формирањето бил Михајло Софејски - Јошко, а од 26 јануари 1945 година И. Сотировски.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 162
Бројната состојба на бригадата изнесувала 540 борци и старешини. Бригадата располагала со 199 коњи. На 26 јануари 1945 година, имало промена на командниот кадар и нова реорганизација на бригадата.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 163
Основање За почеток на формирањето на оваа бригада се смета формирањето на Првиот македонски коњички ескадрон, на 15 септември 1944 година, во селото Сопот, Светикниколско, кој по ослободувањето на Прилеп, влегол во состав на новоформираниот Прв македонски коњанички дивизион, со бројност од 120 борци.
Наводи
Категорија:Бригади на НОВМ