мини|250п|Жилинска книга Жилинска книга (слк: Žilinská kniha) претставува највредното писмено наследство од средниот век во Словачка, а воедно и најстариот зачуван запис на словачки јазик кој се наоѓа во денешна Словачка. Напишана е на три јазика (латински, германски и словачки јазик) во период од 1378 до 1561 година и се состои од три дела. Првиот дел е препис на Магдебуршкиот законик на германски јазик, кој во 1378 година го направил Микулаш од Луков. Вториот дел е негов препис на словачки јазик кој е создаден во 1473 година, додека третиот и најобемниот дел се имотски и приватни записи водени во континуитет од 1380 до 1524 година, и одвреме-навреме внесувани информации до 1561 година. Жилинската книга се состои од 149 листа хартија со димензии 29 - 22 сантиметри, укоричени во 15 век. Денес се наоѓа во Државниот архив во Жилина, а во 1988 година е прогласена за народен културен споменик.

Наводи

Поврзано Жилина Словачки јазик

Категорија:Словачки јазик Категорија:Историја на Словачка Книга Категорија:Словенска писменост