Бронислава Длуска (; родена Бронислава Склодовска, 28 март 1865 година15 април 1939), била полски лекар како и соосновач и прв директор на варшавскиот Марија Склодовска-Кири институт за онкологија. Таа била мажена за политичкиот активист Казимјеш Длуски и била постара сестра на физичарот Марија Кири.

Животопис

Ран живот лево|мини|Бронислава Длуска (втора од десно) со татко ѝ Владислав Склодовски и нејзините сестри Марија (лево) и Елена (десно), 1890 година. Бронислава е родена на 28 март 1865 година во Варшава. Нејзините родители, Владислав Склодовски и Бронислава Склодовска, биле наставници. Како втора најстара од петте деца, таа имала три сестри; Софија, Елена и Марија, како и брат Јозеф.

И од татковската и од мајчинската страна нејзиното семејство го загуби нивниот имот и богатство поради патриотско учество во полски национални востанија со цел враќање на полската независност (најнеодамнешното било Јануарското востание во 1863-65). Ова ја остави следната генерација со тешка борба за унапредување во животот.

Нејзиниот дедо Јозеф Склодовски бил почитуван учител во Лублин каде што тој предавал на младиот Болеслав Прус, кој подоцна станал водечка фигура во полската литература. Нејзиниот татко, Владислав Склодовски, предавал математика и физика и исто така тој бил директор на две варшавски гимназии за момчиња. Откако руските власти ја елиминирале лабораториската настава од полските училишта, тој го донесе поголемиот дел од лабораториската опрема дома и ги обучувал своите деца за нејзината употреба.

Нејзиниот татко подоцна беше отпуштен од страна на неговите руски надзорници поради неговите про-полски гледишта и бил принуден да најде работа со пониска плата; семејството исто така изгуби пари поради лоши инвестиции и на крајот било принудено да ги дополни своите приходи со издавање на соби во нивната куќа. Нејзината мајка, Бронислава, управувала со престижниот варшавски интернат за девојчиња; таа дала оставка од позицијата по раѓањето на Марија. Таа починала од туберкулоза во мај 1878 година, кога младата Бронислава беше само 13 години, оставајќи ја тинејџерката како најстара жена во семејството, одговорна за грижата на Елена, Марија и Јозеф. Помалку од три години порано, постарата сестра на Бронислава, Софија, починала од тифус.

Образование и живот во Париз Во 1882 година Бронислава дипломирала од средно училиште со златен медал. Не можејќи да студира во институциите за високо образование кои не примале жени, таа се приклучи на подземниот Лебдечки универзитет, при што била туторка за да ги финансира своите идни студии. На возраст од 19 години таа замина за Париз, каде што студирала медицина на Универзитетот во Париз. Марија ѝ помогна на нејзината сестра финансиски, под договор дека Марија ќе ѝ помогне на Бронислава за време на нејзините медицински студии, во замена за слична помош кога Марија ќе отиде да студира во Париз.

Во 1890 година Бронислава дипломирала како гинеколог-обстетричар и се омажила со политичкиот прогоненик и колега-лекар Казимјеш Длуски. Двојката била активна во локалната заедница; Бронислава управувала со медицинска клиника, многу од нејзините клиенти биле работниците и нивните семејства, а станот на двојката бил "културен салон" за полските прогоненици, имигрантите и иселениците.

По инсистирањето на нејзината сестра, Марија им се придружи на парот во Париз во 1891 година со цел таа исто така да студира во Универзитетот во Париз. Марија живеела со нив некое време пред да изнајми герет поблиску до универзитетот бидејќи превозот од станот на Бронислава бил еден час.

Бронислава и Казимјеш имале ќерка, Елена, во 1892, а потоа и син, Јакуб, неколку години подоцна.

Враќањето во Полска

Таа и Казимјеш се вратиле во Полска во 1898 година да воспостават санаториум за лица болни со белодробни заболувања во јужниот дел на планинскиот град Закопане. На Казимјеш не му беше дозволено да патува во руската партиција на Полска.

Почнувајќи од август 1914 година, еден од значајните посетители на Закопане за време на Првата светска војна беше полскиот писател на англиски јазик Џозеф Конрад, кој земал засолниште таму со своето семејство. Патриотски-настроената Бронислава Длуска го критилувала за користењето на неговиот голем книжевен талент за други цели освен подобрување на иднината на неговата родна Полска,Zdzisław Najder, Joseph Conrad: A Life, translated by Halina Najder, Rochester, New York, Camden House, 2007, , p. 463. која Конрад ја напуштил на возраст од 16.Zdzisław Najder, Joseph Conrad: A Life, 2007, p. 44.

По Првата светска војна Полска се здоби со независност од Русија како Втора Полска Република, со што Казимјеш се приклучи на делегатите од Полска на Париската мировна конференција во 1919 година. Тој сега слободно можел да се врати во Варшава, каде со Бронислава воспоставиле  превенториум за туберкулоза во предградието на Анин.

По успешното отворање на првиот Радиумски институт во Париз во 1918 година, Марија - сега позната по нејзиното усвоено француско име Мари, почна да работи за воспоставување на втор институт во Варшава. Изградбата започна во 1925 година со Бронислава како директор. Таа ја надгледувала изградбата и вработувањето додека Мари собирала средства за проектот во САД и на други места. И покрај смртта на Казимјеш во 1930 година, Бронислава продолжи да управува со и да го надгледува создавањето на објектот. На 29 мај 1932 година институтот беше официјално отворен, со Бронислава како прв директор.

Смрт мини|десно|Семејната гробница на Склодовски во Варшава. На 15 април 1939 година Бронислава почина од старост. Таа е погребана во семејната гробница со своите родители, сестрите Софија и Елена, како и нејзиниот брат Јозеф.

Наводи

Надворешни врски List dr Bronisławy Dłuskiej do wójta Gminy Kościelisko Andrzeja Fatli (1935)

Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Починати во 1939 година Категорија:Луѓе од Варшава Категорија:Лекари Категорија:Гинеколози