Палата Рубен ― куќа на семејството на познатиот скопски заболекар Емил Рубен. Градбата била изведена во 1927 година, и била проектирана од архитектот Иван Артемушкин. Се наоѓа во населбата Дебар Маало, спроти Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје.

Преживувајќи го скопскиот земјотрес од 1963, палатата станала еден од најпознатите месни примери за архитектурата во периодот меѓу дветте светски војни. Таа е прогласена за значајно културно наследство. Историја мини|лево|170п|Палатата Рубен, непозната година. мини|лево|220п|Палатата Рубен пред обновувањето, 2013 година. Палатата Рубен била изградена во 1927 година, по проект на рускиот архитект Иван Артемушкин, по нарачка на семејството Рубен. Таа била изградена на аголот на улиците „Престолонаследник Александар“ (денес бул. „Илиден“) и „Јеврејска“ (денес ул. „Наум Наумовски Борче“).

Во еден период, имало доградба на поткровје до фасадна линија (првобитно било повелечено од фронт). Поставени биле натстрешници на некои од балконите. Во еден друг период имало промена на надворешната столарија, односно биле поставени ПВЦ прозорци на една фасада. Исто така, бил затворен преминот кон двор, на кој била поставена украсна метална ограда.

Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-522 од 9 октомври 2015 година. Истата година, Конзерваторскиот центар - Скопје направил реставрација на фасадата следејќи ја првобитната документација од архитектот Артемушкин.

Архитектонски одлики Градбата е слободностоечка, што е необично за градска палата, на рамна површина. Градбата се состои од приземје, три ката и поткровје. Зградата има двор и два главни влеза. Иако поставен на агол меѓу две улици, нема нагласен третман кон истиот или активно приземје. Првиот пристап е од бул. „Илиден“ кон првиот кат, каде сè уште е сместено главното живеалиште на семејството. Вториот влез е од ул. „Наум Наумовски Борче“ и овозможува пристап кон сите катови преку скалишниот простор сместен во задниот дел на градбата.

Градбата била изѕидана со ѕидови дебели 45 цм од тула, армиранобетонски меѓукатни конструкции и скали. Таа се одликува со специфична катна височина од 3.50 м, а во приземјето таа изнесува дури 3.80 м. Зградата е изведена со систем за греење, пумпа за вода, како и резервар за вода сместен на мансардниот дел од скалишниот простор.Преземено од техничката документација на Архивот на Град Скопје. Сиг.: 6.1.348.49

Градбата има повеќеводен кос покрив со дрвена потконструкција и е покриен со ќерамиди. Посебна монументалност на градбата била постигната преку обработката на фасадите, а бидејќи првобитниот контекст бил со ниска изграденост, архитетот си дозволил украсно развивање на три од четирите фасади. Со денешната ситуација, затворена е источната фасада и нејзината видливост со улицата. Градбата има три улични фасади со пиластри и венци, секоја различна од останатите. Тие биле перфорирани со ритмички поставени прозорци, во нагласени вертикални сегменти, испакнати или вдлабнати од фасадната обвивка. Овие сегменти се дополнително украсени со релјефни орнаменти, рустични ниши и столбови. Строгоста во изборот на неопходните стилски облици како елементи кои обврзуваат, е согледана во непогрешливиот избор на дорски столбови во приземјето како основа врз која е развиено целокупното расчленување на лачно исфрлениот волумен на предната фасада. Прозорците се изработени од чамово дрво, а надворешните врати од борово дрво. Дворот од една страна граничи со друга зграда, од другите две ограден со бетонска ограда со вертикални столпчиња и продори во горна зона; украсни метални порти при три влеза во двор (затворен отворениот премин кон дворот) и еден кон главен влез во зградата; бетонски скулптурален мост за влез низ тераса во приземје. Внатрешноста на куќата изобилува со раскошни простории, високи тавани и стилски мебел.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Куќи во Скопје Категорија:Дебар Маало Категорија:Појавено во 1927 година во Македонија