Подножје или основа — елемент на грбот во хералдиката кој лежи под штитот и обично има облик на карпи, тревесто ритче или поинакво природно тло на кое се застанати штитодржачите. Постои разлика помеѓу вистинските подножја и други предмети или мотиви ставени на тоа место. По традиција, подножјето го претставува имотот на штитоносецот. Како официјален дел од блазонот, овој елемент се јавува подоцна во историјата, често поради потребата од разни штитодржачи за различни семејства или друштва, иако понекогаш подножјето во блазонот се води засебно од штитодржачите.
Background Ако подножјето е споменато во блазонот, тоа сочинува дел од доделеното достигнување и претставува нераздоен дел од грбот. Доколку подножјето не е заведено во блазонот, одлуката за негово вклучување ја носи уметникот. Денешниот грб на Австралија обично се претставува на подножје од багремови гранки (државното растение), но сепак не е неисправно да се изостават гранките.
Украсното лисје или класје под или околу штитот не претставува подножје, дури и кога има официјална симболика и кога е изречно споменато во блазонот, како што е кај хералдички исправните грбови на општините во Македонија.Општина Демир Хисар — Македонско хералдичко здружение
Единствени случи кајшто штитодржачите стојат на свијокот со гесло се грбот на Њу Џерси. и грбот на Холандија.
Вообичаена практика е кога еден грб добива штитодржачи, истиот да добие и подножје. Во ретки случаи, подножјето се доделува како подобрување. Подножјето без штитодржачи врз него е возможно, но практично непознато, со исклучок на Јужна Австралија.
Подножјето обично претставува некаков копнен или морски предел (кај шкотските главатари, тревест рид просеана со кланскиот цвет), и може да биде прилично сложено. Сложени примери особено наоѓаме кај поновите канадски грбови, како оној на Универзитетот на Северна Британска Колумбија, на кој Кермодова мечка и ирвас се застанати на шума, планински врвови и житно класје, сето над воибичаената хералдичка вода, која пак самата има кит-убиец како чесна фигура.University Of Northern British Columbia . online Public Register of Arms, Flags and Badges. Vol. II, p. 321
Разните географски подрачја се одразуваат во различни подножја: како подножје на грбот на Кенија е претставена планината Кенија а пак градот Арбелаес во Колумбија за подножје ја има Земјината топка.
Постојат и низа необични подножја. Здружението на универзитети и колеџи на Канада има четириаголник како подножје.Association of Universities and Colleges of Canada . Public Register of Arms, Flags and Badges. Vol. IV, p. 376 Грбот на поранешниот совет на грофовијата Камберленд во Англија има ѕид,Civil Heraldry - The arms of the Cumberland County Council додека пак Канадската инженерска академија има мост преку вода.Archives of Canada - Academy of Engineering coat of arms Грбот на главатарот на кланот Донохи има окован човек како подножје, а главатарот на Дандас има „дождовник во пламени јазици“.
Постојат и грбови каде како подножје се претставени интересни елементи од неевропско потекло; таков е грбот на градот Гизборн во Нов Зеланд, чие подножје е маорски воен чун „вака“.
Примери
Наводи
Литература
Категорија:Хералдика