Каталонците се европска етничка група составена од луѓе со потекло од Каталонија, на кои каталонскиот им е мајчин јазик. Жителите на соседниот регион во јужна Франција, познат и како Северна Каталонија (, ) исто така често се вклучени во оваа дефиниција." Présentation Perpinyà 2008" Culture et catalanité Conseil Général des Pyrénées-Orientales
Наспроти поголемиот дел од жителите на Каталонија, останатите кои зборуваат каталонски, имено жители на Андора, Валенсија, Балеарските Острови, источниот дел на Арагон, Русијон, а понекогаш и градот Алгеро во Сардинија, Италија, често се идентификуваат како дел од поширока каталонска етничка група, која ги населува териториите наречени од каталонските националисти како Каталонски Земји ().
Поголемиот дел од Каталонците живеат во шпанската автономна заедница Каталонија, која се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија. Најмалку 100.000 говорници на каталонскиот јазик живеат во Северна Каталонија во Франција. Неодреден број каталонци емигрирале во Америка за време на шпанскиот колонијален период и во Франција во годините после Граѓанската војна во Шпанија.
Наводи
Категорија:Каталонци Категорија:Народи во Европа Категорија:Народи во Франција Категорија:Народи во Шпанија Категорија:Народи во Италија