Пируника Киселички (, Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Биографија Пируника Киселички е родена во Скопје каде завршила основно и средно музичко образование, во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Студирала на приватниот Факултет за драмски уметности при ЕСРА во Скопје, во класата на професорот Мето Јовановски.

Учествувала во претставите: „Мама миа“ - мјузикл во режија на Наташа Поплавска „Галеб“ - драма во режија на Мето Јовановски.

Член е на патувачкиот Театар „Колозов“ со изиграни над триста претстави низ Македонија, како „Љубопитната принцеза“,Најава на time.mk „Убавицата и ѕверот“, „Волшебната шума“, и други.

Вршела сихронизација, на турски телевизиски серии за Сител Телевизија

Филмографија „Аларм“ (2014) - краткометражен филм во режија на Теа Беговска „Роденден“ (2016) - краткометражен филм на Косара Митиќ „Кога денот немаше име“ (2017) - долгометражен филм во режија на Теона Стругар Митевска „Види ја ти неа“ (2017) - краткометражен филм во режија на Горан Столевски „Мејкинг оф“ (2018) - долгометражен филм во режија на Кузман Кузмановски „Бесценета“ (2022) - долгометражен филм во режија на Дејан Јованов „Божиќна елка“ (2023) - филм во режија на Мето Јовановски „Утре наутро" (2025) - филм во режија на Јани Бојаџи ТВ-серии „Македонски стари приказни“ (2015-2017) - телевизиска серија во режија на Владо Дојчиновски „Среќа во вреќа“ (2017) телевизиска серија во режија на Троика студио „Преспав“ (2019) телевизиска серија во режија на Игор Иванов-Изи „Бистра вода“ (2022-2023) - телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи „Македонски стари приказни“ (2023-2025) - телевизиска серија во режија на Владо Дојчиновски „Утре наутро“ (2026) - телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи „Враќање во иднината" (2026) - телевизиска серија во режија ма Владо Дојчиновски

Наводи

Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА