„Цената на градот“ — македонски филм од 1970 година. Го режирал Љубиша Георгиевски, а сценариото го напишал Симон Дракул.

Содржина При крајот на Втората светска војна едно гратче во Македонија е под германска окупација. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, заканувајќи се дека во спротивно ќе го минира градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството. Како откуп за градот ја бара девојката. Таткото на Елена, свештеник, се жртвува себеси и ќерка си, и ги венчава. Партизаните влегуваат во градот и во германскиот штаб ги убиваат штотуку венчаните, во моментот кога на лицето на Елена за првпат се забележува симпатија кон германскиот командант. Улоги Глумец УлогаАцо Јовановски НајдоАцо Стефановски ПрофесоротДраги Костовски РихтeрДрагомир Фелба Поп КлимеЈурие Дарие Комaндaнт Ото ХорстПетар Стојковски ХансСилвија Бадеску Елена Останати улоги  ▼ Глумец УлогаДарко Дамевски Димче Стефановски Заложник 1Јосиф Јосифовски КнајперЈон Исаја Заложник 2Кирил Ќортошев Заложник 3Љубиша Трајковски ЏованиВукан Диневски ИванПредраг Дишљенковиќ Заложник 4Нада Гешоска Старица 1Мара Исаја Старица 2

Надворешни врски

Цената на градот на семрежното место на Кинотека на Македонија

Категорија:Македонски филмови за периодот од Втората светска војна Категорија:Филмови од 1970 година Категорија:Филмови на Љубиша Георгиевски Категорија:Филмови со Јосиф Јосифовски