мини|300п|Марија Антоанета во балски фустан Фустан е парче облекување, кој обично го носат жените и девојчињата. Должината на фустанот варира во зависност од модата и приликата. Може да биде долг до под или кратка над колена. Изгледот на фустанот се менувал во текот на историјата. Постојат многу различни форми на фустани.
Историја Старите Римјани носеле долен фустан, туника и горен фустан, тога. Со текот на времето фустаните станале посложени и пораскошни. Во градовите модните промени биле почести, додека на село луѓето носеле народна носија. Постоеле фустани за секојдневно носење и фустани за свечени прилики, кои биле пораскошни. Во минатото главни материјали за изработка на фустани биле: лен, коноп, памук,волна и свила. Сè до модерното време се носеле исклучитело долги фустани, оние до под или долги до зглобот . Исто така сè до околу 1800 година жените не носеле панталони, туку носеле фустани и здолништа. За време на барокот, се носеле отмени фустани со кринолин и корсети. Во поново време се појавиле нови материјали за изработка на фустани, нови форми и кроеви на фустани.
Видови на фустани Венчален фустан или венчаница е долг, обично бел фустан кој го облекува невестата за венчавка. Мал црн фустан е краток, непретенциозен вечерен или коктел фустан, кој го лансирала модниот творец Коко Шанел. Матурски фустан е свечан фустан, кој девојките го облекуваат за матура. Коктел фустан е фустан предвиден за неформални прилики како на пример забава. Фустан за бал се носи за посебно свечани прилики како на пример балови. Вечерен фустан за вечерни и ноќни излегувања. Бизнис фустан се облекува за деловни и службени прилики. Летен фустан е неформален, лесен фустан кој се носи преку лето. Редовнички фустан или хабит кој го носат редовниците и редовничките.
Фустанот како мотив во уметноста и во популарната култура „Југото-фустан“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 383-384. „Фустан“ (англиски: Dress) - песна на британската рок-музичарка П Ј Харви (P J Harvey) од 1992 година.DISCOGS, P J Harvey* – Dry (пристапено на 2.12.2019) „Совршениот фустан“ (англиски: This Perfect Dress) — песна на американската рок-музичарка Марија Меки (Maria McKee) од 1996 година.Discogs, Maria McKee – Life Is Sweet (пристапено на 3.3.2023)
Наводи
Литература
Brockmamn, Helen L.: The Theory of Fashion Design, Wiley, 1965.
Tozer, Jane, and Sarah Levitt: Fabric of Society: A Century of People and Their Clothes 1770–1870, Laura Ashley Ltd., 1983;
Надворешни врски Фустан на Vdivaboutique.com Фонд на зборови и поими за текстил на англиски
Категорија:Облека Категорија:Грцизми