Тренделаг (, ) — округ во средишниот дел на Норвешка. Настанал на 1 јануари 2018 г. со спојување на дотогашните окрузи Северен и Јужен Тренделаг, одвоени уште од 1804 г. Округот се граничи со Мере и Румсдал и заедно го образуваат регионот Средна Норвешка.
Најголем град е Трондхејм, каде е сместено седиштето на окружниот градоначалник, иако седиштето на округот е Стејнхер. Ова е предвидено да ја намали централизацијата во управата, со оглед на тоа што Тренделаг е втор по големина округ во земјата.
Во 1804 г. кралот Данска-Норвешка го поделил Тренделг на два дела, и ова траело сè до повторното спојување на почетокот на 2018 г.
Мештаните говорат дијалект наречен трендерски (trøndersk), чија главна особина е изоставувувањето на завршните самогласки.
Тренделаг е меѓу најплодните места во Норвешка, чие обработливо земјиште дава големи приноси. Највеќето производи се предаваат кооперативот за месо и млеко, но во последно време ова важи и за земјоделските култури.
Историја Подрачејто е населено со иладници години. На почетокот на железното време Тренделаг () бил поделен на неколку ситни кралства наречени „филки“. Филките имале заеднички закони и првобитни собрание — тинг. Тука се нарекувал Фростатинг, по полуостровот Фроста. Некои го сметаат за прв пример за вистинска демократија.
По времето на Хокон Грјотгардсон (838-900), Тренделаг бил под власта на велможа — јарлот од Ладе, со седиште во источниот дел на Трондхејм, крај морскиот ракав Трондхејмсфјорд. Јарловите имале значајна моќ и влијание во Норвешка сè до 1030 г.
Тренделаг (заедно со делови од Мере и Румсдал) влегле во Шведска in the Роскилдскиот мировен договор во 1658 г. под власт ана Карл X, но набргу биле вратени Данска-Норвешка по Копенхагенскиот договор во 1660 г. Во текот на овие две години, шведска власт регрутирала 2.000 мажи и млади момчиња да се борат во војната против Полска и Бранденбург. Карл X стравувал дека ќе тренделажаните востанат против шведскиот окупатор и затоа решил да ги држи подалеку од родниот крај. Само една третина се вратиле дома, додека пак други биле приморани да се населат во Естонија (тогаш шведска покраина) по начелото раздели па владеј.
Есента 1718 г. за време на Големата северна војна, војсководецот Карл Густав Армфелд тргнал со десетилјадна војска навлегол во Тренделаг за да го заземе Трондхејм по наредба на кралот Карл XII. Поради лошата линија на снабдување од Шведска, војската морала да се прехранува од селание, предизвикувајќи голема беда. Походот не успеал: бранителите на Трондхејм успешно ја одвратиле опсадата. По загинувањето на Карл XII во Опсадата на Фредрикстен во југоисточна Норвешка, Армфелд бил отповикан назад во Шведска. Повлекувањето било мачно. Војската се свела на 6.000 борци кои веќе биле парталави и прегладнети, а потоа западнале во силна вејавица. Илјадници премрзнале до смрт во норвешките планини, а стотици биле доживотно осакатени. мини|десно|250п|Традиционална куќа во Тренделаг. мини|десно|250п|Нидаруската катедрала во Трондхејм. Управа Округот е под управа на совет. Во Стејнхер е седиштето на окружниот управник и окружната управа. Истите имаат служби и во Трондхејм.
Во Тренделаг има вкупно 41 вишо средно училиште, од кои девет се приватни. Има и 10-11 народни средни училишта.
Краеви Округот често се дели на неколку географски краеви:
Геулдален — речната долина на Геула Инхеред — подрачјето околу внатрешниот ракав Трондхејмсфјорд Намдал — пошироката речна долина на Намсен Оркдален — речната долина на Оркла Стјердален — долината Стјердален Трондхејмски Регион — подрачјата околу градот Трондхејм Фусен — полуостровот Фусен и околината
Градови и гратчиња Округот има девет градски населени места, како и рударското место Рерус.
Брекстад (во општината Ерланд) Вердалсера (во општината Вердал) Колверејд (во општината Нереј) Левангер (во општината Левангер) Намсус (во општината Намсус) Оркангер (во општината Оркдал) Рерус (во општината Рерус) Стејнхер (во општината Стејнхер) Стјердалсхалсен (во општината Стјердал) Трондхејм (во општината Трондхејм)
Општини Тренделаг има вкупно 47 општини според попоисот од 2018 г. Име Изворноиме На карта Седиште Население(2017) Крај Број 30п АгденесAgdenes50пЛенсвикОркдален501630п БјугнBjugn50пБотнгордФусен501730п ВеранVerran50пМалмИнхеред503930п ВердалVerdal50пВердалсераИнхеред503830п ВикнаVikna50пРервикНамдален505030п ГронгGrong50пМедјоНамдален504530п ЕрландØrland50пБрекстадФусен501530п ИндерејInderøy50пСтреуменИнхеред505330п Индре ФусенIndre Fosen50пОрнсетФусен505430п КлебуKlæbu50пКлебуТрондхејмски Регион503030п ЛевангерLevanger50пЛевангерИнхеред5037 30п ЛекаLeka50пЛекнесНамдален505230п ЛиернеLierne50пСандвикаНамдален504230п МалвикMalvik50пХумелвикТрондхејмски Регион503130п МелдалMeldal50пМелдалГеулдален502330п МелхусMelhus50пМелхусОркдален502830п МерокерMeråker50пМитбигдаСтјердален5034 30п Митре ГеулдалMidtre Gauldal50пСтеренГеулдален502730п НамдалсејдNamdalseid50пНамдалсејдНамдален504030п НамскоганNamsskogan50пНамскоганНамдален504430п НамсусNamsos50пНамсусНамдален500530п НерејNærøy50пКолверејдНамдален505130п ОпдалOppdal50пОпдалОркдален502130п ОркдалOrkdal50пОркангерТрондхејмски Регион502430п ОфјордÅfjord50пОрнесФусен5018 30п РејрвикRøyrvik50пРејрвикНамдален5043 30п РенебуRennebu50пБеркокГеулдален502230п РерусRøros50пРерусГеулдален502530п РуанRoan50пРуанФусен501930п СелбуSelbu50пМебонденСтјердален503230п СкеунSkaun50пБерсаТрондхејмски Регион502930п СнилфјордSnillfjord50пКрукстадераОркдален501230п СносаSnåsa50пСносаНамдален5041 30п СтејнхерSteinkjer50пСтејнхерИнхеред500430п СтјердалStjørdal50пСтјердалсхалсенСтјердален503530п ТидалTydal50пОсСтјердален503330п ТрондхејмTrondheim50пТрондхејмТрондхејмски Регион500130п УверхалаOverhalla50пРанемслетаНамдален504730п УсенOsen50пСтејнсдаленФусен5020 30п ФлатангерFlatanger50пЛеувснесНамдален504930п ФрејаFrøya50пСистрандаОркдален501430п ФростаFrosta50пФростаСтјердален503630п ФуснесFosnes50пДунНамдален504830п ХејландетHøylandet50пХејландетНамдален504630п ХемнеHemne50пКирксетерераОркдален501130п ХитраHitra50пФиланОркдален501330п ХултоленHoltålen50пРенбигдаГеулдален5026 30п ТренделагTrøndelag50пСтејнхерТренделаг50
Поврзано Средна Норвешка Северен Тренделаг Јужен Тренделаг
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на округот Тренделаг Портал на Тренделаг
Тренделаг Категорија:Окрузи во Норвешка Категорија:Региони во Норвешка Категорија:Држави и територии настанати во 2018 година