Александру Јонуц Митрица (роден на 8 февруари 1995 година) — романски фудбалер, играч од средниот ред на Њујорк Сити и на романската репрезентација.

Животопис Александру Митрица е роден во Крајова. Неговиот чичко Думитру исто така бил професионален фудбалер.

Митрица изјавил дека додека растел негов идол бил Лионел Меси.

Технички одлики Митрица е офанзивен играч од средниот ред или крило на двете страни од теренот. Опремен е со одлична брзина и техничка способности, што му овозможува да биде многу опасен за противниците во ситуации еден на еден.

Клупска кариера Турну Северин и Виторул Констанца Роден во Крајова, Митрица ја започнал својата кариера во Турну Северин во 2011 година, а во 2012 година и се приклучил на екипата на Виторул Констанца. Во септември 2013, на возраст од 18 години, тој бил позајмен на Стеауа Букурешт за да игра за нивната екипа во УЕФА Младинската лига; неговиот сениорски резултат за клубот се состоел во само еден натпревар во Купот на Романија, по што тој се вратил во Виторул на почетокот од следната година.

Митрица го одигра својот прв натпревар по неговото враќање во клубот од Констанца на 23 февруари 2014 година, во победата со 2-1 против Динамо Букурешт. Својот прв гол во Лига 1 го постигнал на 21 мај истата година, во победата со 1–0 над Чахлаул.

Пескара Во јули 2015, Митрица потпишал за италијанскиот клуб Пескара за необјавена сума (која според некој гласини изнесувала околу 1 милион евра). Дебитирал за Пескара на 16 август во натпреварот од Купот на Италија против Торино во поразот на неговата екипа со 4-1, а својот прв настап во Серија Б го имал на 11 октомври во поразот на гости со 3-1 од Асколи. На 8 април 2016 го постигнал својот прв гол за клубот од Абруцо во победата со 1-3 на гостувањето кај Авелино. Првата сезона во дресот на Пескара ја завршил со 19 настапи (18 во регуларниот дел од првенството и 1 во плејофот за промоција) и 1 гол, помагајќи му на клубот да избори промоција во Серија А за следната сезона.

Следната сезона Митрица одиграл 15 натпревари за Пескара во Серија А и постигнал 1 гол, во победата на домашен терен над Палермо со 2-0 на 22 мај 2017. Сепак, по само една сезона во Серија А Пескара како последнопласирана екипа на табелата испаднала и се вратила во Серија Б.

Университатеа Крајова На 21 јули 2017, Митрица се вратил во Романија приклучувајќи и се на екипата на Университатеа Крајова со договор за заем од крајот на сезоната. Тој го направи своето официјално деби шест дена подоцна во поразот на домашен терен со 0-1 до Милан во третата квалификациска рунда на УЕФА Лига Европа. Неговиот прв гол дошол во натпревар од романското првенство против Астра Џурџу на 6 август, кој завршил 1-1. Две недели подоцна Митрица ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-0 против неговиот поранешен тим Виторул Констанца, на 20 август 2017 година. На 16 декември, тој постигнал прекрасен погодок од слободен удар во победата со 2-1 над подоцнежниот шампион на Романија ЧФР Клуж. Само неколку дена претходно, италијанските и романските медиуми објавиле дека Крајова потпишала договор со Митрица на трајна основа; договорот бил потврден на 17 јануари 2018 година, при што Университатеа и ги исплатила претходно договорените 730.000 евра на Пескара, која исто така ќе има право на 15% од идниот трансфер на играчот.

Свјот прв погодок во 2018 година, Митрица го постигнал на 10 март во 82-рата минута од натпреварот против Астра Џурџу и тој се покажал како победнички за неговата екипа. На 14 април, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата дома со 4-1 над ЧСМ Политехника Јаш. На 27 мај во финалето на Купот на Романија, Митрица одново бил стрелец и бил избран за играч на натпреварот во победата со 2-0 над второлигашот Херманштадт, носејќи и ја на Унивеситатеа првата титула во Купот на Романија уште од сезоната 1992-1993. Својата прва сезона во Крајова Митрица ја завршил со 37 настапи и 15 гола во сите натпреварувања, и бил избран во Најдобриот тим на Романската Лига 1.

На почетокот на следната сезона, Митрица ги одиграл комплетните 90 минути како капитен на Университатеа во поразот со 1-0 од ЧФР Клуж во Суперкупот на Романија 2018.

Репрезентативна кариера Во март 2018 година, Митрица бил повикан во романската сениорска репрезентација за пријателските натпревари против Израел и Шведска подоцна истиот месец, откако наводно го импресионирал селекторот Козмин Контра. Своето деби го имал на 24 март против Израел, натпревар во кои запишал асистенција за голот на Георге Цукудеан во победата на Романија со 2-1 во Нетанија.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 мај 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Турну Северин Л2 4 0 КР 0 0 - - - - - - 4 0 2012-2013 Виторул Констанца Л1 7 0 КР 0 0 - - - - - - 7 0 2013 Стеауа Букурешт Л1 0 0 КР 1 0 ЛШ -- СР -- 1 0 2013-2014 Виторул Констанца Л1 15 1 КР 0 0 - - - - - - 15 1 2014-2015 Л1 27 5 КР+ЛКР 0+2 0+1 - - - - - - 29 6 2015 Л1 1 0 КР+ЛКР 0+0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Витирул Констанца 50 6 2 1 - - - - 52 7 2015-2016 Пескара Б 18+1Плејоф 1 КИ 1 0 - - - - - - 20 12016-2017 А 15 1 КИ 2 0 - - - - - - 17 1Вкупно Пескара 33+1 2 3 0 - - - - 37 2 2017-2018 Университатеа Крајова Л1 31 12 КР 4 3 ЛЕ 2Во преелиминарните рунди 0 - - - 37 15 2018-јан. 2019 Л1 14 10 КР 1 0 ЛЕ 2 0 СР 1 0 18 10Вкупно Универистатеа Крајова 45 22 5 3 2 0 1 0 53 25 2019 Њујорк Сити МЛС 0 0 УСК 0 0 - - - - - - 0 0Вкупно во кариерата 127+1 30 - 10 4 - 4 0 - 1 0 142 34

Титули Клупски Университатеа Крајова Куп на Романија (1): 2017-2018

Наводи

Надворешни врски

Александру Митрица на soccerway Александру Митрица на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Романски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Стеауа Букурешт Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ЧС Университатеа Крајова 1948 Категорија:Родени во 1995 година