мини|десно|300px|исправено Драгутин Шурбек (), (, – , ) –југословенски репрезентативец во пинг-понг и хрватски пингпонгар и тренер, заслужен спортист на Југославија во 1983 година. По занимање бил ПТТ техничар.
Почнал да игра пинг-понг во Загреб како десетгодишник во СТК Поштар, а од 1965 година бил член на ГСТК Весник од Загреб. За репрезентацијата на Југославија играл од 1966 година и на Светските првенства освоил 12 медали – 2 златни, 2 сребрени и 8 бронзени.Dragutin Šurbek
Уште подобри резултати остварил на Европските првенства каде освоил 19 медали од кои 5 златни, 4 сребрени и 10 бронзени. Учествувал на 13 натпревари на Европски топ 12, каде освоил 2 први, 2 втори и 3 трети места.
На Светското првенство во 1975 година во Калкута бил награден со трофеј за фер-плеј Ричард Бергман. На Европското првенство во 1976 година во Прага настапувајќи за репрезентацијат ана Југославија која го освоила првото место, побели во сите партии.
Од 1977 година играл за ТТЦ Калв од Западна Германија.
Од средината на 1960-тите, па до средината на 1980-тите, со својот партнер од репрезентацијата Антун Стипанчиќ, но и со други играчи и играчици доминирал во европскиот и светскиот пинг-понг. Бил успешен и на клупски план каде исто така бил повеќекратен европски првак.
Бил претседател на Хрватскиот пингпонгарски сојуз.
Починал на 15 јули 2018 година во 72. година од животот.Почина легендарниот југословенски пингпонгар Драгутин Шурбек на семрежното место на Нова Македонија
Наводи
Надворешни врски Резултати на Драгутин Шурбек Профил на страницата СТК Индустроградња
Категорија:Светски прваци во пинг-понг Категорија:Европски прваци во пинг-понг Категорија:Југословенски пингпонгари Категорија:Хрватски пингпонгари Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“