Јон Дади Бодварсон (роден во Селфос, 25 мај 1992) е исландски фудбалер, напаѓач на Милвол и на исландската репрезентација.
Клупска кариера Селфос Јон Дади Бодварсон ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Селфос, за која дебитирал во текот на сезоната 2009 во втората исландска лига. Со 16 настапи и еден гол Бодварсон му помогнал на Селфос да избори промоција во највисоката дивизија во земјата, во која пак тој дебитирал на 11 мај 2010 во поразот на домашен терен со 1-3 од Филкир, натпревар во кој исто така го забележал и својот прв погодок во Првата лига на Исланд. Во Селфос се задржал 4 сезони забележувајќи повеќе од 100 настапи и 21 гол во сите натпреварувања.
Викинг Во ноември 2012 година, Бодварсон направил трансфер во норвешкиот Викинг. Тој одиграл три сезони за Викинг во Норвешката Премиер лига, од кој најуспешна му е била последната во која имал 9 гола и 8 асистенции во првенството и 6 гола и 6 асистенции во Купот на Норвешка. На 22 април 2015, Бодварсон постигнал хет-трик за само 18 минути поминати на теренот во победата со 7-0 на гостувањето кај Алгард во рамките на првото коло на Купот на Норвешка, а подоцна во второто коло на истото натпреварување постигнал гол и додал уште четири асистенции во победата со 9-0 на гостувањето кај Варег. На 11 јули 2015, Бодварсон постигнал два гола и бил асистент за уште еден во победата со 4-1 над Олесунд на СР-Банк Арена. Вкупно за Викинг одиграл 92 натпревари и постигнал 23 гола.
Кајзерслаутерн Во јануари 2016, Бодварсон се преселил во германскиот второлигаш Кајзерслаутерн со кој веќе во јуни 2015 имал потпишано преддоговор за трансфер на три години. Своето деби на Кајзерслаутерн го забележал на 5 февруари 2016 против Унион Берлин. Својот прв од двата гола кој ги постигнал како играч на Кајзерслаутерн дошол на 4 март 2016 година во поразот со 2-1 на гостувањето кај Нирнберг. На 3 април 2016, тој повторно бил стрелец, овој пат од пенал, во победата со 2-0 на домашен терен над Сандхаусен. Во последното коло од сезоната против Сент Паули, Бодварсон забележал две асистенции во поразот на неговата екипа со 5-2. И покрај релативно добрите игри во кои на 15 натпревари постигнал 2 гола и имал 3 асистенции, оваа полусезона се покажала како единствена за Бодварсон во дресот на Кајзерслаутерн бидејќи во летото 2016 се решил да ја промени клупската средина.
Вулверхемптон thumb|left|Бодварсон во дресот на Вулверхемптон Вондерерс. На 2 август 2016 година, Јон Дади Бодварсон потпишал договор со англискиот Чемпионшип клуб Вулверхемптон Вондерерс за необјавена сума обврзувајќи се на договор од три години. На 6 август 2016, Бодварсон дебитирал со погодок во дресот на волците во ремито 2-2 против . Неговото деби исто така, означувало дека тој станал 1000-тиот играч кој се појавил за клубот во првенствен натпревар. На 16 август 2016, Бодварсон за првпат во кариерата промашил пенал во натпреварот против Ипсвич Таун што завршил без голови 0-0, кога неговиот удар од белата точка бил успешно одбранет од голманот на Таун Бартош Бјалоковски. Сепак само четири дена подоцна, Бодварсон го постигнал и својот втор погодок за Вулверхемптон во Чемпионшип, третиот за својот тим и последен на натпреварот во победата со 3-1 на гостувањето кај Бирмингем Сити. Својот трет погодок за волците го постигнал во поразот со 3-1 од во април 2017. Сезоната во Вулверхемтон ја завршил со 42 настапи во Чемпионшип и 6 во куповите запишувајќи 3 гола и 4 асистенции. Исто така бил избран за fan favourite од навивачите на Вондерерс.
Рединг На 14 јули 2017, Бодварсон повторно по кратко време го променил својот клуб приклучувајќи му се на , уште еден клуб од Чемпионшип, со кој потпишал тригодишен договор. Во клубот избрал да го носи дресот со број 23. Своето деби за кралските поданици го имал на отворањето на сезоната 2017-2018 во Чемпионшип, во поразот со 2-0 на гостувањето кај . Истиот натпревар Бодварсон морал да го заврши предвреме бидејќи се здобил со повреда на коленото, поради која бил заменет во 59-тата минута од Омар Ричардс. Повредата го извадила од акција за три недели поради што прошуштил 5 натпревари на својот клуб. Своето враќање на терените Бодварсон го направил на 26 август 2017 на гостувањето кај Бирмингем Сити, натпревар во кој го постигнал својот прв погодок во дресот на Рединг, првиот за клубот во победата со 2-0. На 16 јануари 2018, Бодварсон го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Рединг, втор во кариерата во победата со 3-0 над во третото коло на ФА Купот. На 30 јануари за првпат постигнал два гола во еден натпревар од Чемпионшип, во победата со 3-1 на гостувањето кај . Својата прва сезона во Рединг ја завршил со вкупно 48 настапи и 10 гола.
Својата втора сезона со Рединг ја започнал со погодок во првото коло во лигата против на Мадејски стадионот, но сепак по целосниот пресврт неговиот тим бил поразен со 1-2. Втората негова сезона во дресот на Ројалс била испрекината од бројни повреди поради кои и го загубил статусот на првотимец и важен играч за клубот. Вкупно за Рединг одиграл 55 натпревари и постигнал 17 голови.
Милвол На 12 јуни 2019, Бодварсон потпишал за Милвол, која била третата екипа од Чемпионшип за која заиграл.
Репрезентативна кариера Бодварсон играл за младинските репрезентации на Исланд под 19 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 14 ноември 2012, влегувајќи како замена на местото на Матијас Вилхјалмсон во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Андора. Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 9 септември 2014 во победата со 3–0 над Турција во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016.
Тој бил избран да учествува на Европското првенство 2016, првиот меѓународен турнир на кој Исланд воопшто се пласирал. Бодварсон ги започнал сите пет натпревари на турнирот во Франција и постигнал гол во последниот натпревар од групната фаза против Австрија што им обезбедил на исланѓаните прогрес во следната фаза.
На 27 јуни 2016, Јон Дади играл против Англија во осминафиналето на Евро 2016 на Алијанц Ривиера во Ница, каде Исланд го изненадил фаворитот совладувајќи го со 2–1 и пласирајќи се во четвртфиналето.
Две години подоцна Бодварсон бил селектиран меѓу 23-цата играчи на Исланд кој биле пријавени за настап на Светското првенство 2018 во Русија. Своето деби на првенството го направил во вториот натпревар од групната фаза во кој Исланд бил поразен од Нигерија со 2-0. Тоа бил неговиот единствен настап на турнирот, на кој Исланд бил елиминиран уште во групната фаза завршувајќи на последното место во групата Д.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2008 1Д 0 0 КИ+ЛКИ 1+0 0 - - - - - - 1 0 2009 1Д 16 1 КИ+ЛКИ 2+5 0 - - - - - - 23 1 2010 У 21 3 КИ+ЛКИ 1+7 0+2 - - - - - - 29 5 2011 1Д 21 7 КИ+ЛКИ 2+0 0+2 - - - - - - 23 7 2012 У 22 7 КИ+ЛКИ 3+7 1+0 - - - - - - 32 8Вкупно Селфос 80 18 9+19 1+2 - - - - 108 21 2013 ЕС 23 1 КН 2 1 - - - - - - 25 2 2014 ЕС 29 5 КН 3 1 - - - - - - 32 6 2015 ЕС 29 9 КН 6 6 - - - - - - 35 15Вкупно Викинг 81 15 11 8 - - - - 92 23 јан.-јун. 2016 2Б 15 2 КГ - - - - - - - - 15 2 2016-2017 ФЛЧ 42 3 ФАКуп+ЛК 3+3 0 - - - - - - 48 3 2017-2018 ФЛЧ 33 7 ФАКуп+ЛК 2+1 3+0 - - - - - - 36 10 2018-2019 ФЛЧ 1 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 1 1Вкупно Рединг 34 8 2+1 3+0 - - - - 37 11Вкупно во кариерата25246 4816 - - - - - 30060
Наводи
Надворешни врски
Јон Дади Бодварсон на soccerway Јон Дади Бодварсон на transfermarkt Јон Дади Бодварсон на espn Јон Дади Бодварсон на whoscored
Категорија:Исландски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Кајзерслаутерн Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Рединг Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година