Андреј Маслинко (роден на во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец кој настапува за МЗТ Аеродром.
Клупска кариера Младинска кариера Во сезоната 2012/13 настапувал за Партизан Водно Санс, во младинскиот состав до 16 години. Сезоната 2013/14, се преселил во Италија и играл младинската екипа на Стела Азура. Сезоната 2014/15, Маслинко настапил за сениорската екипа на второлигашот Стела Азура. Во истата сезона, Маслинко играл и за сениорите на Виртус Валмонте, исто второлигаш. Во 2015/16, Андреј бил во составот на младинската екипа на Пафони Омења.
Професионална кариера За сезоната 2016/17, Маслинко се вратил во Македонија и потпишал за Работнички. Следната сезона продолжил во МЗТ Аеродром. Со МЗТ го освоил Купот 2018, а бил вицепрвак во Првенството. И за сезоната 2018/19, Маслинко продолжил во МЗТ. Таа сезона, Маслинко со МЗТ го освоил македонското првенство. По завршувањето на сезоната, на Маслинко му истекол договорот со МЗТ Аеродром. Но веќе во јули, Маслинко потпишал нов едносезонски договор со МЗТ за сезоната 2019/20. За сезоната 2020/21, крајот на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор за нова соработка со МЗТ Аеродром. Во мај, иако повреден и во играчко отсуство во тоа време, тој го освоил Купот на Македонија 2021.
Репрезентативна кариера Младинска репрезентација
А репрезентација Маслинко бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Маслинко. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.
Успеси
Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2018/19 Куп на Македонија (2) : 2018, 2021
Признанија Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Андреј Маслинко на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје