Не го мешајте со првичниот клуб Тетекс, на кого Тетекс 1953 му е духовен наследник.
ФК Тетекс 1953 — македонски фудбалски клуб од Тетово. Клубот во моментов се натпреварува во Втората македонска лига - Запад.
Историја Како Лабуништа 2011 Клубот бил основан во 2011 година. Боите на клубот како Лабуништа 2011 биле црно-бели. Додека екипата се натпреварувала во Општинската лига и во Третата лига, домашните натпревари ги играле на теренот Калишта во Лабуништа. Во првите три сезони кога биле второлигаши (2017/18, 2018/19 и 2019/20), како домаќини настапувале на Стадионот Градска Плажа во Струга.
Селење во Тетово и ново име На крајот на мај 2020 година, управата на клубот, и со тоа неговиот спонзор, се изјаснила дека се повлекува од управувањето на клубот. Сите моментални играчи станале слободни агенти. Кризата на клубот ја искористила управата на Тетекс и го преселила клубот во Тетово. Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.
Историја на клупското име 2011-2020: Лабуништа 2011 2021-до денес: Тетекс 1953
Наводи
Надворешни врски ФК Лабуништа на Macedonianfootball.com
Категорија:Фудбалски клубови од Струга Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија