Трнички манастир — манастир во историското село Трница, во западниот дел на Македонија, на падините на планината Кораб. Посветен е на Свети Никола Летен.
Историја Манастирот е основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1995 година и завршила во 2012 година, а била осветена на 20 мај 2012 година. Патронот се прославува на 22 мај, денот на Свети Никола Летен.
Градби Во склоп на манастирот влегува само манастирската црква.
Црква „Св. Никола“
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида во задниот дел. Таа се состои од два дела, од кои едниот го опфаќа просторот пред влезот во објектот, а другиот главниот простор на црквата.
Галерија
Наводи
Категорија:Трница Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Тетовско-гостиварската епархија