Џамија во Велебрдо — главна и единствена џамија во долнореканското село Велебрдо. Џамијата се наоѓа во источниот дел од селото, непосредно од левата страна на долниот крак од патот кој минува низ селото.
Архитектура Градбата на џамијата има правоаголна основа и е покриена со лимен кров со купола во среднишниот дел. На ѕидовите од џамијата има повеќе залачени прозорци распоредени во два реда, додека на куполата има 16 монофори. Минарето се одликува со тоа што има три шерефиња. Неговата основна е квадратна до првото шерефе, а над него е кружна.
Поврзано Велебрдо Дебарско муфтиство
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Велебрдо Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Дебарското муфтиство