Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Бач.
Местоположба Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја Црквата е изградена во XIX век, а била обновена од егзархистите и осветена на 21 септември 1912 година, односно на празникот Рождество на Пресвета Богородица којшто е и селска слава. Во текот на Првата светска војна, црквата била разрушена, а повторно била обновена во 1921 година.„Цркви“. Visit Pelagonia.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата, а над неа се издига и камбанаријата којашто е прилепена до објектот на храмот. Црквата има и спореден влез на јужната страна до којшто е доградена мала камена припрата над чијшто влез има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Храмот има женски оддел којшто е во облик на балкон.
Познато е дека црквата била зографисана во 1886 година од страна на Коста Анастасов од Крушево, а за тоа сведочи и натписот на црковнословенски којшто гласи:
Внатрешноста денес е без фрески, но со икони на апостоли и светци. Во главниот дел на црквата висат метални кандилници и лустери коишто потекнуваат пред обновувањето.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има помошен објект, базен за верски обреди и гробови на српски војници.
Галерија
Поврзано Бач Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бач Бач