Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Сарамзалино. Црквата се наоѓа на влезот од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од селото Лозово.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 14 јануари 2007 година од страна на митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од страните има по една монофора. Монофори има и на ѕидовите од црквата. Влезната врата е на западната страна, а над неа има полукружна фреска на Богородица со Исус. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров. Камбанаријата претставува правоаголна рамка во којашто се наоѓа ѕвоното и се издига од кровот над влезната врата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и метални прегради.

Поврзано Сарамзалино Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија

Наводи

Категорија:Сарамзалино Сарамзалино