Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во прилепското село Штавица, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.

Историја

лево|мини|150п|Отец Анастас Налетоски

Црквата била изградена во 1881 година. Црквата била изградена благодарение на парохискиот свештеник Анастас Налетоски, а била осветена од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.

Во дворот на црквата има мермерни споменици од наоѓалиштето Браненица.

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна, која надвор е расчленета на осум слепи ниши. Северниот и јужниот ѕид се со пиластри и се расчленети на плитки ниши.ЦРКВА „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“, СЕЛО ШТАВИЦА на семрежното место на Олд Прилеп

Црквата е во добра состојба. Бил обновен покривот со ќерамиди, а подот бил поплочен со гранитни плочи.

Фрескоживопис

Црквата поседува живопис, кој бил насликан во 1882 година од страна на браќата Вангел, Никола и Коста Анастасови од Крушево. Состојбата на живописот е лоша, при што се забележува отпаѓање на поголеми парчиња малтер со сликарски композиции, поради што е потребна итна интервенција.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Штавица

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Раѓањето на Пресвета Богородица во Македонија