Свети Никола — главна селска црква во селото Селци. Сместена е на околу стотина метри западно од сретселото.
Историја
Црквата била изградена во XIX век.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со десетаголна апсида на источната страна и забележителна кромидеста купола. Главниот влез е сместен на западната страна, а спореден влез има и од јужната. Над споредниот влез има празна ниша. Објектот е изграден од варовник и е покриен со лимен кров. Куполата има осумаголна основа со по еден прозорец на секоја од страните и истата е изработена од лим.
Во дворот на црквата се наоѓа гробот на свештеникот Јон Попов (1856-1943), кој бил убиен од страна на балистите на 11 јули 1943 година.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Никола“ Црква „Св. Никола“ Селци Дебарско-кичевска епархија Струшко архијерејско намесништво Трета струшка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Селци Селци