Источнофризиски Острови (; ) — островска верига во Северното Море, недалеку од брегот на Источна Фризија во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Веригата се протега во должина од 90 км од запад кон исток, помеѓу устијата на реките Емс и Јаде / Везер, а на оддалеченост од 3,5 до 10 км од брегот. Подрачјата помеѓу копното и островите се прекриени со пространи плитаци (приливни блата), месно наречени „вати“ (Watten), кои се дел од водната површина наречена Ваденско Море. Пред островите се простираат територијалните води на Германија, кои опфаќаат многу поголема површина од самите острови. Самите острови, околните наносни плитаци и територијалните води (кои се природен резерват) се во потесен еколошки заедем однос. Островската група зафаќа околу 5 % од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море на Саксонија.

Најголем остров во групата е Боркум, сместен на западниот крај на веригата. Истата има уште шест населени острови, од запад кон исток: Јист, Нордернај (со најголемото населено место во групата), Балтрум, Лангеог, Шпикерог и Вангероге. Има уште четири помали ненаселение острови: Литје Херн источно од Боркум, Мемерт и Кахелотплате (југозападно од Јист), Минзенер Ог (прокопан остров југоисточно од Вангероге) и Мелум на источниот крај на веригата, кој според Сојузната служба за заштита на природата денес е вон групата, и му припаѓа на крајбрежното калиште наречено Триаголник Елба-Везер (Watten im Elbe-Weser-Dreieck).

Острови и плитаци

Ова е табела на островите и плитаците (Sandplaten) во состав на Источнофризиските Острови со основни информации за секој од нив. Ненаселените и управно неопфатените (вонопштински) плитаци се истакнати со жолто.

Грб Остров Општина Округ Површинакм2 (2004/05) Оддалеченостод копното (км) Население(2008) Густина(на км2) 60п|Грб на Боркум Боркум гратчето Боркум Лер 30,74 10,5 5.186 169 Кахелотплате вонопштински нема податоци ненаселен − Литје Херн островот Литје Херн¹ Лер 0,1 12,5 ненаселен − Мемерт островот Мемерт¹ Аурих 4,3 13 ненаселен − 60п|Грб на Јист Јист Јист Аурих 16,43 8 1.696 103 60п|Грб на Нордернај Нордернај гратчето Нордернај Аурих 26,29 3 5.810 221 60п|Балтрум Балтрум Балтрум Аурих 6,5 4,5 488 75 60п|Грб на Лангеог Лангеог Лангеог Витмунд 19,67 5 1.953 99 60п|Грб на Шпикерог Шпикерог Шпикерог Витмунд 18,25 6,5 781 43 60п|Грб на Вангероге Вангероге Вангероге Фризија 7,94 6,5 923 116 Минзенер Огвештачки прокопан Бутјадинген² Везермарш 2,2 3,5 ненаселен − Мелум³ Бутјадинген² Везермарш 4,9 6 ненаселен − 134,35 — 16.837 129¹ вонопштински² поранешната општина Лангварден, која во 1974 г. влегла во соста на Бутјадинген (денес катастарското подрачје Лангварден)³ источно од надворешна Јаде со измената на границите од Сојузната служба за заштита на природата, повеќе не се смета за дел од Источнофризиските Острови, туку во состав на плитарите на Триаголникот Елба-Везер.

Нордернај е преостанатиот дел од некогашниот остров Бујзе, кој речиси целосно исчезнал под морето во XVII век. Литје Херн источно од Боркум е во постојана опасност од одмивање. Во 2003 г. Крајбрежната одбрана на Германија издала соопштение дека Кахелотплате може повторно да се смета за остров бидејќи повеќе не е изложен на редовно поплавување од плиматата. Сепак, островот зафаќа површина не поголема од и останува ненаселен. Кахелотплате се наоѓа северно од устието на реката Емс.

Моторниот сообраќај е забранет на највеќето острови. Исклучок од ова се Боркум и Нордернај, кои се најнаселените. Ниеден остров од групата нема мост до копното, туку само со траект.

Островите и околните морски површини се дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.

Поврзано Западнофризиски Острови Источна Фризија Фризиски јазици

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Долносаксонско Ваденско Море Природонаука на Источнофризиските Острови (PDF, 3,93 Мб) Управен портал на Источнофризиските Острови За настанокот на Источнофризиските Острови

Острови Категорија:Фризиски Острови Категорија:Географија на Саксонија Категорија:Архипелази во Германија