мини|десно|300п|Сателитска снимка на Западнофризиските Острови. Западнофризиски Острови (; ) — островска верига во Северното Море недалеку од брегот на Холандија, по работ на Ваденското Море. Тие продолжуваат на исток како Источнофризиските Острови на Германија и се дел од Фризиските Острови.

Од запад кон исток, островите се: Нордерхакс, Тексел, Влиланд, Рихел, Гринд, Терсхелинг, Амеланд, Риф, Енгелсманплат, Схирмониког, Симонсзанд, Ротмерплат, Ротумерог и Заудердаунтјес.

Географија Веригата претставува остаток од леднички образувани песочни плитаци, кои веројатно биле дел од некогашниот брег на Холандија. Пред повеќе илјади години морето ги пробило и подрачјето било поплавено, создавајќи го денешното Ваденското Море.https://tammytourguide.wordpress.com/2014/06/13/the-west-frisian-islands-hollands-northern-wilderness/

Управна поделба Островите Нордерхакс и Тексел се дел од покраината Северна Холандија. Влиланд, Рихел, Гринд, Терсхелинг, Амеланд, Риф, Енгелсманплат и Схирмониког се во состав на покраината Фризија. Помалите острови Симонсзанд, Ротмерплат, Ротумерог и Заудердаунтјес припаѓаат на Гронинген.

Туризам Фризиските Острови денес се познати како одморалишни места. Помеѓу нив сообраќаат редовни траекти и посетителски тури кои почнуваат од копното. Во рамките на секој остров, најпогодно превозно средство е велосипедот. На Виланд и Схирмониког се дозволени само возилата на редовните жители.

Поврзано Западна Фризија Источнофризиски Острови Севернофризиски Острови

Наводи

Надворешни врски

Западнофризиски Острови на Википатување Холандски северноморски острови

Категорија:Острови во Холандија Категорија:Фризиски Острови