Моту Оне' , познат и како 'Белингхаузен' , е атол на групата Заветрени Острови кои се дел од архипелагот Друштвени Острови кој се наоѓа во Тихиот Океан. Моту Оне се наоѓа 550 километри северозападно од Тахити и 72 километри североисточно од Мануае, најблизок сосед.
Гребенот на Моту Оне сосема ја опфаќа лагуната, без премин. Сите негови страни се покриени со ниски, песочни острови освен јужната страна. Моту Оне значи песочен остров на полинезиски, што во суштина означува ниско, песочно островче кое не може да одржи постојано човечко живеалиште.
Историја лево|мини Името Атол Белингсхаузен или поретко Белингсхаузен на атолот му го дал еден руски офицер и морепловец од германско потекло во Руската царска морнарица, Ото Естефејевич Коцебу во чест на Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен. Не треба да се меша со островот Белингсхаузен, кој е дел од Јужните Сендвички Острови, во југозападниот Атлантик.
Атолот бил посетен од страна на Истражувачката Експедиција на САД во септември 1839.
Администрација Атолот Моту Оне е дел од комуната (општината) Маупити, и самата дел од административната субдивизија на Заветрените Острови, како дел на Француска Полинезија
Поврзано
Француска Полинезија Друштвени Острови Заветрени Острови во Француска Полинезија
Наводи
Надворечни врски Atoll list
Категорија:Друштвени Острови