Жиронда (, ) – департман во регионот Нова Аквитанија на југозапад од Франција. Името го добил според естуарот Жиронда, главен воден пат. Винскиот регион Бордо е во Жиронда.

Историја Жиронда е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Била создадена од делови од поранешните провинции Гијена и Гаскоња.

Од 1793 до 1795 година, името на департманот било сменето во Бек д’Амбес за да се избегне асоцијација со револуционерната партија на жирондистите.

Географија Жиронда е дел од сегашниот регионНова Аквитанија и граничи со департманите Ланд, Лот и Гарона, Дордоња и Приморска Шаранта, а со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од 10.000 км2 Жиронда е најголемиот департман на метрополитенска Франција. Ако се вклучат и прекуморските департмани, тогаш Жиронда изгледа како џуџе во однос на Француска Гвајана чија површина изнесува 83.846 км2.

Жиронда е позната по најдолгата плажа во Европа „Сребрен Брег“, која привлекува многу сурфери. Исто така, во Жиронда е роден Жак Ив Кусто истражувач на морињата и сите форми на живот во вода.

Големата дина во Пила во Аркашонскиот Залив близу Бордо е највисоката песочна дина во Европа.C.G. (14 August 2009). Les Adresses de Mathilde Seigner et Fabien Onteniente. Le Figaro Magazine.

Туризам

Наводи

Надворешни врски General Council website Prefecture website

Tourism Office website

Категорија:Департмани во Нова Аквитанија Категорија:Департмани во Франција Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година