Националниот парк Агтелек () е национален парк во Северна Унгарија, во регионот Агтелек Карст. Најзначајни вредности на националниот парк се посебните површински формации и пештери во овој варовнички пејзаж.

Опис Паркот се состои од 280 пештери со различни големини. Опфаќа вкупна површина од 198,92   км2 од кои 39.22   км² се под големена заштита. Најголемата сталактитска пештера во Европа се наоѓа во оваа област: пештерата Барадла (26 километри долга, од кои 8км е во Словачка, позната под името Домица ). Неколку пештери имаат други специјалности. На пример, Мировната пештера има санаториум кој помага во лекувањето на луѓето кои страдаат од астма.

Историја Првата пишана документација за пештерите датира од 1549 година. Од 1920 година се користи како туристичка атракција. Самиот Национален парк Агттелек е основан во 1985 година.Паркот е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1995 година, заедно со словачките карстни пештери.

Фауна Животните присутни во националниот парк Агтелек се: Јастреб глувчар, источен царски орел, воден кос, црвен елен, Евроазиски рис, сив волк, дива свиња, цуцулеста сипка, жолтоглаво кралче, зимовка, лештарка, рибарче, сиво свраче, едрилец и други.

Наводи

Категорија:Светско наследство во Унгарија Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Биосферни резервати во Унгарија