Балашаѓармат (, , ) е град во северна Унгарија. Градот бил седиште на комитетот од округот Ноград.

Историја Од 1998 година, градскиот грб го носи латинскиот натпис „Најхрабар град“ (Civitas Fortissima), бидејќи во јануари 1919 година чехословачките војници ја преминале линијата за демаркација, обележана во декември 1918 година, во подготовка за Договорот од Трианон, незаконски окупираќји ги градови јужно од линијата, вклучувајќи го и Балашаѓармат. Месното население им се спротивставило на чехословачките трупи во сериозна воена битка во која многу од цивилните учесници ги загубиле своите животи.

Херојството на луѓето во градот против нелегалната и неиспровоцирана инвазија е овековечена во карпатската песна „Civitas Fortissima“

За време на Втората светска војна, на 9 мај 1944 година, Германците чувале 3.000 Евреи од градот и околните села затворени во гето. Сите биле испратени во концентрациониот логор Аушвиц на 11 и 14 јуни 1944 година.Детали за гетото

Балашаѓармат бил заробен на 9 декември 1944 година од страна на советските трупи на вториот украински фронт во текот на офанзивата на Будимпешта.

Географија Градот лежи на левиот брег на реката Иполи, кој ја означува државната граница со Словачка.

Демографија Во 2001 година Балашаѓармат имал 18.474 жители. Популацијата била хомогена со унгарско мнозинство (Унгарци 98%, Роми 2%),Унгарски попис 2001 и 100% од вкупното население го зборува унгарскиот како мајчин јазик.

Меѓународни односи Близначки градови - Сестрински градови Балашаѓармат е збратимен со:

Деж Хајменкирх Остроленка Ламеција Терме Словенске Дјармоти

Наводи

Категорија:Поделени градови Категорија:Населени места во Унгарија