Сезоната 2018-2019 за фудбалскиот клуб Јувентус била 121-та од неговото основање и дванаесетта последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Преглед на сезоната Почетокот на летото 2018 во клубот го одбележал планот за недвижен имот, според кој бил додаден уште еден дел во J-Village, каде првиот тим од 9 јули бил префрлен да тренира од Виново во новиот Јувентус тренинг центар во Континаса. За време на сезоната, клубот, исто така, направил значителна структурна реорганизација, така што својот мандат во клубот го завршил генералниот директор Џузепе Марота и било воспоставено ново управно тело, кое меѓу другото донело и порелевантната улога за спортскиот директор Фабио Паратичи.
На фудбалски план, летната трансфер кампања била една од највпечатливите во историјата на Јувентус. Иако се разделиле со две "икони" на клубот како што се Буфон и Маркизио, Јувентус се залагал и понатаму за големи промени во составот, во кој биле вклучени и заминувањата на различни протагонисти од претходните години како Лихтштајнер, Асамоа и Игуаин. За да ги заменат овие играчи, во Јувентус дошле неколку нови засилувања меѓу кој посебно се истакнува доаѓањето на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, доведен од за сума од 100 милиони евраACCORDO CON IL REAL MADRID PER L’ACQUISIZIONE DEFINITIVA DEL CALCIATORE CRISTIANO RONALDO juventus.com - еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот и најскапиот во историјата на италијанскиот фудбал. Покрај Роналдо, во текот на летото 2018 во Торино пристигнале и голманот Перин, португалскиот бек Жоао Кансело, и играчот од средниот ред германецот Емре Џан,+ 16 milioni € di oneri accessori, cfr. додека од позајмици во црно-белиот дрес се вратиле и бекот Спинацола и напаѓачот Кен. За крај на летниот преоден рок како големо изненадување во Јувентус се вратил Бонучи, по скандалозното заминување од клубот само дванаесет месеци претходно, во размена по која овој пат во заминал Калдара.
На почетокот од сезоната Јувентус понудил многу добри "перформанси"; во Серија А постигнале 8 последователни победи во низа, а во Лигата на шампионите освоиле максимални 9 бода во првите три натпревари. Квалификацијата во нокаут фазата од Лигата на шампионите била обезбедена на едно коло пред крајот на групната фаза, после победата на домашен терен со 1-0 над ; Јувентус исто така на крајот го освоил првото место во групата пред и заедно со англичаните се пласирале во осминафиналето. Во исто време водачкото место во лигата никогаш не било доведено во прашање, а титулата зимски шампион била освоена со импресивни 53 бода (17 победи, 2 нерешени) и без ниту еден пораз по првиот дел од првенството нешто што веќе претходно му успеало на клубот во сезоната 2011-2012 иако со значително помал број на бодови.
Во јануари, клубот ја започнал својата авантура во Купот на Италија, елиминирајќи ја во осминфиналето. По победата во Саудиска Арабија - по избор на Италијанската фудбалската федерација да се игра натпреварот на неутрален терен - над со 1-0 во Суперкупот на Италија, бјанконерите го освоиле осмиот наслов во Суперкупот со што станале осамени рекордери (претходно со Милан имале по 7). Меѓутоа, многу брзо потоа момците на Алегри претрпеле големо разочарување откако биле поразени со 3-0 од во Купот на Италија. Во осминафиналето на Лигата на шампионите, бјанконерите ги вкрстиле копјата со шпанскиот Атлетико Мадрид, освојувач на Лигата на Европа во сезоната 2017-2018. Во првиот натпревар одигран во Мадрид, Јувентус бил целосно надигран од шпанците и загубил со 2-0; сепак во реваншот прикажуваат многу подобра и поубедлива игра и со хет-трикот на Роналдо го свртеле исходот, победа од 3-0 за пласман во четвртфиналето. За тоа исто време, во првенството Јувентус нема проблеми ниту во пролетниот дел од првенството, од коло во коло ја зголемува предноста во однос на конкурентите и ја продолжувува својата серија без пораз. Сепак, само 4 дена по фантастичната победа над Атлетико и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, клубот го доживеал првиот сезонски пораз во првенството на гостувањето кај со што била прекината серијата на натпревари без пораз која траела речиси една цела година започната на 22 април 2018 година (кога Јувентус загубил дома од Наполи). Патот на клубот во Европа завршил во следниот круг, кога "аутсајдерот" каков што претставувал холандскиот Ајакс ги елиминира италијанските шампиони со победа од 2-1 во Торино по нерешените 1-1 во Амстердам.
Веднаш по елиминацијата од Лигата на шампионите, Јувентус го освоил скудетото на 5 кола пред крајот на првенството победувајќи ја Фјорентина со 2-1 во Торино. Победата над виолетовите од Фиренца го остава Наполи — единствениот соперник во оваа сезона — без математичката можност да ги стигне, завршувајќи го првенството со 11 бода предност пред соперниците од југот на Италија (90 на спрема 79). На крајот на сезоната, дошло до разделба помеѓу Јувентус и тренерот Алегри, кој по пет успешни години му кажал збогум на клубот. Како тренер на Јувентус, Алегри освоил 5 скудета (со кој го надминал легендарниот Карло Каркано, тренер на Јувентус во 1930-тите), 4 Купа на Италија и 2 Суперкупа на Италија.
Дресови Спортска опрема: Адидас Главен спонзор: Jeep
Состав
Приклучен во првиот тим од , cfr.
Приклучен во првиот тим од , cfr. Приклучен во првиот тим од , cfr.
Приклучен во првиот тим од , cfr. Приклучен во првиот тим од , cfr.
Приклучен во првиот тим од , cfr.
играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната
Трансфери Прикажани се само побитните операции Дошле Дата Играч Од Сума Начин Извор Матија Калдара N/A вратен од заем Леонардо Спинацола Моизе Кен Матија Перин €12M конечно, плус €3M бонуси Емре Џан бесплатно конечно, дополнителни трошоци €16M платени во две рати Жоао Кансело €40.4M конечно Кристијано Роналдо €100M конечно Леонардо Бонучи €35M конечно Мартин Касерес €0.6M на заем до јуни 2019
Заминале Дата Играч Од Сума Начин Извор Бенедикт Хеведес Бесплатно крај на заем Стефан Лихтштајнер истечен договор Квадво Асамоа Џанлујџи Буфон Матија Калдара €35M конечно Гонсало Игуаин €18M на заем до крајот на сезоната, со опција за откуп за уште €36M Марко Пјаца €2M €2M заем, со опција за откупа за уште €20M Стефано Стураро N/A на заем до јуни 2019 Клаудио Маркизио Бесплатно раскинат договор Меди Бенатија €8M €2M бонуси
Натпреварувања во сезоната Вкупно
Суперкуп на Италија
Серија А
Завршна табела Екипа 1.903828647030+40 2.793824777436+38 3.693820997746+31 4.693820995733+24 5.6838191185536+19 6.6638181286648+18 7.6338161575237+15Се пласирале во групната фаза на Лигата на Европа 2019-2020 како победник на Купот на Италија 2018-2019. 8.5938178135646+10 9.5338158156051+9 10.44381111164856–8 11.4338916135360−7 12.43381110173953−14 13.4238119184456−12 14.41381011174161−20 15.41381011173654−18 16.4138817134745+2 17.3838814163957−18 18.3838108205170−19 19.2538510232969−40 20. (-3)1738214222575−50
Легенда: Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019. Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019. Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2018-2019. Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2018-2019. Испаѓа во Серија Б 2018-2019. Санкции: На Кјево му се одземени три бода.
Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
Освоени бодови во меѓусебните двобои Гол-разлика во меѓусебните двобои Вкупна гол-разлика Вкупен број на постигнати голови Ждрепка
</div>
Натпревари
Куп на Италија
Лига на шампиони Фаза по групи
Нокаут фаза
Осминафинале
Четвртфинале
Статистика Настапи и голови
! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Голмани
! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Одбрана
! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Среден ред
! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Напаѓачи
! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната
Список на стрелци ИмеСерија АСуперкупКуп на ИталијаУЕФА ЛШВкупно17НПКристијано Роналдо2110628210НППауло Дибала50051017НПМарио Манџукиќ900110418НПМоизе Кен6010755СРМиралем Пјаниќ2002423СРЕмре Џан40004714СРБлез Матуиди3000319ОДЛеонардо Бонучи3000333НПФедерико Бернардески20103106СРСами Хедира2000224ОДДаниеле Ругани2000230СРРодриго Бентанкур20002133ОДЏорџо Кјелини1000111НПДаглас Коста1000112ОДАлекс Сандро1000116НПХуан Квадрадо1000120ОДЖоао Кансело10001Автогол40004Вкупно70121386
Последно ажуририање: 17 јули 2019
Суви мрежи ИмеСерија АСуперкупКуп на ИталијаУЕФА ЛШВкупно11ГМВојќех Шченсни1111518222ГММатија Перин50005Вкупно1611523
Последно ажурирање: 17 јули 2018
Дисциплина ИграчСерија АСуперкупКуп на ИталијаУЕФА ЛШВкупно1Војќех Шченсни00000000010010022Матија Перин1000000000001002Матија Де Шиљо2000001000003003Џорџо Кјелини2000000001003004Мартин Касерес10000000000010012Алекс Сандро600100000300100019Леонардо Бонучи10000000000010020Жоао Кансело50000000000050024Даниеле Ругани2000000001003005Миралем Пјаниќ51010010000071014Блез Матуиди30000010020060016Хуан Квадрадо20000000010030023Емре Џан60000010000070030Родриго Бентанкур7100000001008107Кристијано Роналдо20000000000120110Пауло Дибала20010000010040011Даглас Коста20100000000020117Марио Манџукиќ30000000000030018Моизе Кен10000000000010033Федерико Бернардески300000100200600 Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната4Меди Бенатија200000000000200Вкупно582130050013017922
Последно ажурирање: 17 јули 2018
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сезони на ФК Јувентус