CH Лебед (CH Cyg / HIP 95413 / BD +49 2999) — променлив црвен џин и симбиотска двојна ѕвезда во Лебед. Станува збор за најблиската симбиотска ѕвезда до Земјата, и една од најсјајните, што ја прави идеален кандидат за изучување.
Својства CH Лебед има маса од и полупречник од . Нејзиниот сопатник белото џуџе имам маса од , и орбиталниот период на двете ѕвезди е 5.689 денови. CH Cygni is classified as M7IIIab + Be.
Историја на набљудувања Најраните набљудувања на CH Лебед биле направени во 1890 година од Пикеринг и Вендел користејќи разделен фотометар, и била класифицирана како M6III променлива ѕвезда во 1924 година. Во 1963 година се набљудувални изразени силни H I одливи, што укажувало дека CH Лебед е најверојатно во симбиотска врска со белото џуџе. Слични одливи биле забележани и во 1965, 1967, 1977, 1992 и 1998 година. Кратко време се сметало дека системот има и трета ѕвезда но ова мислење било поништено.
Во 1984 биполарни млазови биле забележани како надоаѓаат од CH Лебед, за кои постоел сомнеж дека потекнуваат од забрзувањето на материјалот од придружната ѕвезда. Сјајноста на системот значително се намалила во 1986 година, најверојатно ова се должело на прашината исфрлена од малзовите при хелиумскиот блесок. Оваа прашина се развееала до 2002 година, кога сјајноста се вратила на нивоата пред 1985 година.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Црвени џинови 182917 095413 Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Симбиотски променливи ѕвезди Лебед, CH Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Џинови од типот M