Марјан Илиевски (роден во Скопје) — македонски поранешен кошаркар, и тренер на Пелистер.
Историја
Тренерска кариера Во сезоната сезоната 2013/14, Илиевски со Лирија стигнал до полуфиналето во Првенството, додека во Купот станал вицепрвак. Поради распаѓањето на Лирија во 2014 година, Илиевски станал слободен тренер. Во пресрет на сезоната 2014/15, Илиевски потпишал за косовскиот клуб Сигал Приштина, екипа со кој го освоил домашното првенство, косовскиот Куп и Балканското првенство. Во декември 2015 година, Приштина и Илиевски меѓусебно го раскинале договорот. Во февруари 2016 година, Марјан Илиевски станал главен тренер на Кожув, каде што останал до крајот на сезоната. Во јануари 2017 година, Илиевски станал тренер на новиот проект-клуб Блокотехна Сезоната 2017/18, како тренер на дебитантот Блокотехна НБ, Илиевски стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот. Во сезоната 2018/19, Марјан останал во Блокотехна, со која станал првак во БИБЛ натпреварувањето и вицепрвак во Купот на Македонија 2019. За сезоната 2019/20, Илиевски потпишал за АВ Охрид. Но откако на 30 септември, односно на пет дена пред планираниот почеток на сезоната, АВ Охрид најавил распад на клубот и со тоа Илиевски станал слободен тренер. На крајот на октомври, Илиевски пронашол ангажман во косовски Раховеци. Во март 2020 година, поради финансиски проблеми на Раховеци, Илиевски го напуштил клубот. На крајот на мај 2020, за сезоната 2020/21, тој станал тренер на Пелистер. На крајот на мај 2021 година, поради здравствени причини Марјан Илиевски бил тргнат од главното тренерско место во Пелистер, но останал главен тренер за следната сезона.
Успеси Играчки титули Никол Ферт Куп на Македонија (1) : 2001
Тренерски титули Приштина Косовска Суперлига (1) : 2014/15 Куп на Косово (1) : 2015 Балканска лига (1) : 2014/15 Блокотехна Балканска лига (1) : 2018/19
Наводи
Надворешни врски Профил на Марјан Илиевски на balkanleague.net Профил на Марјан Илиевски на eurobasket.com Профил на Марјан Илиевски на fibaeurope.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркарски тренери од Скопје Категорија:Кошаркари од Скопје