Кеплер-6 — жолт џин сместен во соѕвездието Лебед. Ѕвездата се наоѓа во видното поле на мисијата Кеплер, која го забележала и е дел од мисијата на НАСА за откривање на земјовидни планети. Ѕвездата, која е малку поголема, и пометалична, малку поладна и помасивна од Сонцето, во орбитата има најмалку една вонсончева планета, планета налик на Јупитер именувана како Кеплер-6b која е во блиска орбита на ѕвездата.

Номенклатура и историја Кеплер-6 е именуван според мисијата Кеплер, проект на НАСА лансиран во 2009 година кој цели на откривање на земјовидни планети кои минуваат, пред нивната ѕвезда гледано од Земјата. За разлика од ѕвездите како Сонцето или Сириус, Кеплер-6 нема вообичаено име. Откривањето на Кеплер-6b беше објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво заедно со забележаните планети околу Кеплер-4, Кеплер-5, Кеплер-7 и Кепелр-8. Станува збор за третата планета откриена од страна на вселенското летало Кеплер, односно е дел од првите три планетии потврдени од податоците добиени од самата мисија. Овие три планети биле искористени за тестирање на прецизноста на Кеплеровите мерења.

Забележувањето на Кеплер-6 било потврдено со дополнителни набљудувања користејќи ги телескопите Хоби-Еберли и Смит во Тексас; телескопот Кек 1 на Хаваи; телескопите Хејли и Шејн во јужна Калифорнија; телескопите WIYN, MMT и Тилингаст во Аризона; и Северниот оптички телескоп на Канарските Острови.

Особености Кепелр-6 е ѕвезда која е приближно 1,209 Msun, или 5/4 од масата на Сонцето. Исто така е поширока од Сонцето, со полупречник од 1,391 Rsun, или 7/5 од оној на Сонцето. Ѕвездата е приближно со старост од 3,8 милијарди години, и има делотворна температура од 5.647 K. За споредба, Сонцето има малку повисока температура од 5.778 K. Кеплер-6 има металичност од [Fe/H] = +0.34, што го прави 2,2 пати пометалична од Сонцето. Во просек, ѕвездите богати со метали тежнеат да имаат планети и планетарни системи.

Ѕвездата, гледана од Земјата, има привидна величина од 13,8. не може да се забележи со човековото око. За споредба, привидната величина на Плутон при најголема сјајност е за малку посјајна, при 13,65.

Планетарен систем

Кеплер-6 има една потврдена вонсончева планета, станува збор за гасовит џин наречен Кеплер-6b. Планетата е приближно со маса од 0,669 MJ, или 2/3 од масата на Јупитер. Исто така е малку подифузна од Јупитер, полупречник од 1,323 RJ. Кеплер-6b орбитира на просечно растојание од 0,0456 ае од матичната ѕвезда, и за период од 3,234 денови прави една орбита. Занесувањето на орбитата на планетата сезема да биде 0, што пак значи дека орбитата е кружна.

Поврзано Список на вонсончеви планети Кеплер

Наводи

Категорија:Планетарни системи Категорија:Лебед (соѕвездие) 6 Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета