Кеплер-69 (KOI-172, 2MASS J19330262+4452080, KIC 8692861) — жолто џуџе слично на Сонцето во соѕвездието Лебед, на растојание од Земјата. На 18 април 2013 беше објавено дека ѕвездата има две планети. Првичните пресметки покажувале деја земјовидната планета Кеплер-69c можное да е во животопогодниот појас, понатамошните анализи покажале дека планетате веројатно е во близина на животопогодниот појас и е повеќе налик на Венера со што е животонепогодна.

Номенклатура и историја

Пред набљудувањето од Кеплер, Кеплер-69 имала2MASS каталошки број 2MASS J19330262+4452080. Во Внесниот каталог на Кеплер ја има ознаката KIC 8692861, а кога беше утврдено дека има планетарни кандидати и беше доделена ознаката KOI-172.

Кандидатите за планети биле забележани од вселенското летало Кеплер дел од мисиите на НАСА, со цел да се откријат планети премин околу матичните ѕвезди.Овие падови во сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити минуваат пред нивните матични ѕвезди гледано од Земјата, иако постои можност и други појави да бидат причина за падот на сјајноста, па од оваа причина се користи поимот планетарен кандидат. По одобрувањето на трудот за откритието, ејипата поврзана со Кеплер дала дополнителни податоци за системот „Кеплер-69“. Откривачите ја именувале ѕвездата Кеплер-69, што била воспоставен процедура за именувањето на вонсончевите планети откриени од страна на самата мисија. Па така, ова е името користено од јавноста за именување на системот и неговите планети.

Планетарните кандидати кои се дел од ѕвездите цел на мисијата Кеплер се означуваат со ознаките „.01“, „.02“, „.03“ итн.. по името на ѕвездата, по редослед на забележување. Ако планетарните кандидати се забележани едновремено, подредувањето следи по редоследот на орбиталните периоди од најкусиот кон најдолгиот орбитален период. Следејќи ги овие правила, биле забележани два планетарни кандидати, кои се именувани соодветно со ознаките b и c.

Ѕвездени одлики

Кеплер-69 е ѕвезда од спектрален тип G со маса приближно 81% од масата и полупречник 93% од полупречникот на Сонцето. Површинската температура изнесува 5.638 ± 168 K. За споредба, Сонцето има површинска температура од 5.778 K.

Со привидна величина, изнесува 13,7, со, што Кеплер-69 е премногу темна ѕвезда за да се види со човековото око.

Планетарен систем

Кеплер-69 има две познати планети во орбита. Кеплер-69b е жешка вонсончева планета,суперземја. Кеплер-69c е вонсончева суперземја, околу 70% поголема од Земјата. Оваа планета прифаќа сличен флукс како и Венера од Сонцето, па веројатно станува збор за супервенера.

Поврзано Список на потенцијално населиви вонсончеви планети

Наводи

Надворешни врски Kepler Mission – NASA. Kepler – Discoveries – Summary Table – NASA. Kepler – Discovery of New Planetary Systems (2013) . Kepler – Tally of Planets/interactive (2013) – NYT. Video (02:27) - NASA Finds Three New Planets in "Habitable Zone" (04/18/2013).

Категорија:Жолти џуџиња Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Планетарни ситеми со две потврдени планети